Health Aid Baby Vit 25ml капки

810 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Широк спектар на комбинирани витамини и минерали кои овозможуваат здрав и правилен раст и развој на секое новороденче. Секојдневното земање на BabyVit капките како додаток на исхраната, овозможува подобар имунитет и ја зголемува отпорноста на детето од вирусни и бактериски инфекции, обезбедува сила, енергија , како и подобар ментален развој.

Состав во 1ml: Vitamin A (1000iu) 300μg,Vitamin D (400iu) 10μg, Vitamin E (5iu) 5mg, Vitamin C 50mg, Thiamine (Vit B1) 1.07mg, Riboflavin (Vit B2) 0.4mg, Nicotinamide 8mg, Vitamin B6 (Pyridoxine HCl) 0,4mg, Vitamin B12 2μg, Folic Acid 55μg, Glycerine BP 700mg.

За да пораснат здрави и силни, освен избалансирана исхрана,  на бебињата им е потребен широк спектар на витамини и минерали.  Baby Vit од Health Aid се специјално формулирани капки кои имаат за цел да им ги обезбедат на вашите деца сите материи кои се неопходни за нивен здрав и правилен раст и развој.

BabyVit капките содржат:

  • Витaмин А – го стимулира и одржува имунитетот, учествува во правилниот развој на коските, го стимулира лачењето на хормонот на раст
  • Витамин Д –овозможува ресорпција и депонирање на калциумот во коските а со тоа овозможува истите да бидат здрави и цврсти.
  • Витамин Ц – го подобрува имунитетот, штити од вирусни инфекции, стимулира синтеза на колаген и помага во заздравување на рани.
  • Витамин Е – претставува моќен антиоксидант и ја штити клетката од слободни радикали, воедно го подобрува и метаболизмот.
  • Тиамин (Б1) – го одржува здравјето на нервите и ја потпомага нивната регенерација.
  • Рибофлавин (Б2) – го потпомага метаболизмот на јаглехидратите, мастите и протеините со цел ослободување енергија.
  • Никотинамид (Б3) – заедно со Б1 и Б2 го потпомага метаболизмот на јагленитехидрати.
  • Витамин Б6 – помага да се преработат амино-киселините, потребен е да се создаде серотонинот, мелатонинот и допаминот, помага во создавање на неуротрансмитерите па поради тоа помага во регулирање на умствените процеси.

Состав во 1ml: Vitamin A (1000iu) 300μg,Vitamin D (400iu) 10μg, Vitamin E (5iu) 5mg, Vitamin C 50mg, Thiamine (Vit B1) 1.07mg, Riboflavin (Vit B2) 0.4mg, Nicotinamide 8mg, Vitamin B6 (Pyridoxine HCl) 0,4mg, Vitamin B12 2μg, Folic Acid 55μg, Glycerine BP 700mg.

  • Бебињата и малите деца кои не добиваат доволно хранливи материи поради нивниот начин на исхрана
  • Бебињата и малите деца со недостаток на енергија поради лошото спиење и вознемиреност
  • Бебињата и малите деца кои имаат потешкотии со голтање таблети
  • Бебињата и малите деца кои примаат лекарства или кои заздравуваат од болести
  • Бебињата и малите деца кои имаат потреба од помош со ментална стимулација, фокусирање и концентрација

Секојдневното земање на Baby Vit капките како додаток на исхраната, овозможува подобар имунитет и ја зголемува отпорноста на детето од вирусни и бактериски инфекции, обезбедува сила, енергија, како и подобар ментален развој.

Baby Vit Капки се земаат со храна. Добро протресете пред употреба.

Доенчиња 0 до 4 месеци: ½ мл (приближно 12 капки); 4 до 12 месеци: 1 ml (приближно 25 капки)

Над 12 месеци до 4 години: 1-2ml (приближно 50 капки).

Не го надминувајте препорачаниот дневен внес, освен ако не е препорачан од соодветно квалификувано лице.