Експерт за исхрана при бременост
Кога веќе сте одлучиле да забремените, треба да го подготвите вашето тело со обезбедување на здрава исхрана и здрав начин на живот и да ги зголемите шансите за целосно зачнување. Pregnacare Conception претставува формула која е развиена врз основа на студии ширум светот и истите покажуваат дека одредени хранливи материи може да играат важна улога во помош да се изградат хранливи резерви и да бидете подготвени за бременост и да обезбедите добро репродуктивно здравје.
Pregnacare Conception обезбедува внимателно избалансирана сеопфатна формулација на микронутриенти вклучувајќи специфични хранливи материи како инозитол, L-аргинин, N-ацетил цистеин и селен. Формулата исто така вклучува и витамин Б12 и фолна киселина од 400mcg, точната препорачлива количина од Министерството за здравство.
Идеален за сите жени за да помогне во изградбата на хранливи резерви пред забременувањето.
Хранливи материи и витаминска формула, 100% БЕЗ ДРОГИ И ХОРМОНИ.
Формулата вклучува клучни хранливи елементи:
Препорачани нивоа на фолна киселина
Pregnacare Conception обезбедува 400mcg фолна киселина, точното ниво кое се препорачува од страна на Министерството за здравство за сите жени кои се обидуваат да забременуваат. Дополнителнниот внес на фолна киселина го зголемува мајчиниот статус на фолна киселина *. Нискиот мајчин статус на фолна киселина е фактор на ризик за развој на дефекти на невралната туба кај фетусот во развој. Исто така игра важна улога во процесот на клеточната делба, фолната киселина, исто така, придонесува за раст на мајчиното ткиво за време на бременоста.
Репродуктивно здравје кај жените
Одредени хранливи материи може да играат важна улога во помагање на одржување на репродуктивното здравје кај жените. Pregnacare Conception се состои од цинк, што придонесува за нормална плодност и репродукција додека витаминот Б6 придонесува за регулирање на хормонската активност. Формулата исто така вклучува и витамин Б12, железо, магнезиум и витамин Д 15mcg кои имаат улога во процесот на клеточната делба.
Сеопфатна нутритивна поддршка
Pregnacare Conception се состои од целокупна поддршка на дополнителни хранливи материи, вклучувајќи биотин и бакар кои придонесуваат за нормално ослободување на енергија и железо, што придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем како и нормално формирање на црвени крвни зрнца и хемоглобин. Витамините Б6 и Б12, исто така, се важни за одржување на нормално функционирање на нервниот систем. Формулата исто така вклучува и други клучни хранливи материи; L-аргинин, инозитол, N-ацетил цистеин и бета-каротен.
Месечен циклус и зачнување
Дали знаете дека некои жени можат да имаат неправилни циклуси кога земаат контрацептивни пилули, што може да трае и до шест месеци? Менструалниот циклус исто така може да биде нарушен од страна на губење на тежината, зголемување на телесната тежина, прекумерна количина на вежбање, физичко или емоционално вознемирување.
Доколку имате одложување на вашиот месечен циклус, тоа не мора да значи дека сте бремени, се препорачува да се земе тест за бременост и да се консултирате со стручно лице. Pregnacare Conception претставува хранливи материи базирани на истражувачка формула без дроги или хормони. Доколку вашиот месечен циклус не е редовен, ви препорачуваме да се консултирате со вашиот лекар или здравствено стручно лице.
Овој производ нема коментари.