Bionika Фолиод капсули со фолна киселина и калиум јодид

(0 оценки и коментари)

149 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Неопходна комбинација од фолна киселина и калиум јодид : 400 µg фолна киселина 100 µg калиум јодид

Фолната киселина и јодот се најважните супстанции кои треба да се надополнуваат во текот на целата бременост и доењето. Потребите за Јод и Фолна киселина во текот на бременост и лактацијата се зголемуваат за два пати и обично не се комплетно задоволени само со внес на храна. Со користење на ФОЛИОД капсулите, уште пред почетокот на бременоста, за време на целата бременост и доењето се овозможува оптимално задоволување на зголемените потреби за јод и фолна киселина и со тоа овозможува нормален развој на психолошките, невролошките и когнитивни функции на плодот.

ОПТИМАЛНИ ДНЕВНИ ПОТРЕБИ КАЈ БРЕМЕНИ ЖЕНИ

фолна киселина 400 µg јод 200 µg Фолната киселина (Фолат) има важна улога во:

-Процесите на делба на клетките, а посебно за време на процесите на диференцијација и раст на клетките на ембрионот и фетусот.

-Нормална ситеза на аминокиселини

-Нормално создавање на крвни клетки

-Развивање на нормална психолошка функција и нормална функција на имунолошкиот систем

-Нормалeн метаболизам на хомоцистеин Во текот на бременоста потребите од фолна киселина се зголемуваат за 100 %. Тоа е поради растот на матката, зголемениот волумен на крв, растот и развојот на постелката и плодот. Надополнувањето на зголемените потреби е исклучително важно. Поради докажаната поврзаност меѓу внесувањето на фолати и нарушувањата во феталната неврална цевка, на сите репродуктивно способни жени им се препорачува дополнителен внес на 400 µg фолати.

Јодот е од есенцијално значење за нормално функционирање на тироидната жлезда, односно за формирање на двата тироидни хормони Т3 и Т4. Во текот на бременоста активноста на тироидната жлезда е два пати зголемена, со што се зголемуваат и дневните потреби на јод. Оптимално задоволување на потребите од јод во текот на бременоста овозможува нормален развиток на когнитивните и невролошки функции кај плодот.

СЕ ПРЕПОРАЧУВА КАЈ

жени кои планираат бременост

бремени жени (во текот на целата бременост)

доилки

ДОЗИРАЊЕ

Една мека желатинска капсула на ден се препорачува со главниот оброк

Пакување:

30 меки капсули

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Bionika Фолиод капсули со фолна киселина и калиум јодид”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *