4U Pharma Pregnatol Active folate + B12 x30 капсули

(0 оценки и коментари)

395 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

Драги идни мајки,

Периодот на подготовка за бременост, како и самата бременост, е време важно за жената како идна мајка. Тоа е време кога жената треба да добие и да прифати сè што е најдобро за неа. Време на грижа, здравје и релаксација. Твое време!

Pregnatol Active Folate + vit B12 содржи фолат и витамин Б12 во природна форма, кој е активен и целосно искористен во организмот. Наменет е за жени кои се подготвуваат и сакаат да останат бремени, како и за време на бременоста.

Примена се препорачува 12 недели пред планирана бременост и во текот на целата бременост.

Availability: outofstock
Бренд:4U pharma
Сподели:

Нема на залиха

ФОЛАТ ВО АКТИВЕН ОБЛИК
Фолат и фолна киселина – обликот е важен!

Pregnatol Active Folate + vit B12 содржи фолат во активен облик под заштитен назив QUATREFOLIC®

Quatrefolic® е фолат – глукозаминска сол на фолна киселина, во природен облик.

По структура, тој претставува активна форма на фолна киселина – не е потребен ензим во телото за нејзино активирање и употреба.

Во форма на сол, фолатот природно се наоѓа во храната (зелен зеленчук). Покрај тоа, глукозаминските соли природно се наоѓаат во нашето тело.

Термините фолна киселина и фолати често се користат наизменично за растворлив во вода витамин Б комплекс, неопходен за одржување на клеточната функција и здравјето, и е особено важен за подготовка за и за време на бременоста.

Суштинската разлика помеѓу фолатот и фолната киселина е тоа што фолатот е во природен облик, а фолна киселина се синтетизира хемиски.

Хемиски синтетизираната форма – фолна киселина, нашето тело не може да ја користи. Мора да се активира од страна на ензимите во телото преку четири чекори. Студиите покажаа и потврдија дека 30 до 50% од жените (во зависност од земјата) не можат воопшто да ја активираат и искористат внесената фолна киселина, бидејќи генетски немаат ензим што треба да ја активира. Кај овие жени, целата внесена фолна киселина останува слободно да циркулира во крвта, потенцијално предизвикувајќи несакани ефекти и за мајката и за бебето.

Фолатот, во природен, активен облик, со сигурност потполно се апсорбира и искористува!

Витамин Б12 во активен облик

Витаминот Б12 постои во четири облици.

Најчеста форма на витамин Б12 кај витаминските производи е цијанокобаламин. Тоа е хемиски синтетизирана форма на витамин Б12, а другите три форми се природни и се наоѓаат во храната и во организмот.

Хемиски синтетизираниот цијанокобаламин во телото не може да се користи, туку мора да се активира од страна на ензими. Кога се активира, се ослободува молекула на цијанид, која е штетна.

Во производот Pregnatol Active Folate + vit B12 се наоѓаат два природни, активни облици на витамин Б12 – метилкобаламин и аденозилкобаламин. Тие природно се наоѓаат во организмот. Метилкобаламин – делува во клетката и аденозилкобаламин се наоѓа во сите ткива и 20% во крвта. Игра важна улога во производството на енергија, има заштитен ефект врз нервите и учествува во метаболизмот на аминокиселините и хормоните.

Ова се активни форми и затоа организмот ги користи веднаш и целосно и без било какво штетно ослободување на молекули.

Витаминот Б12, исто како и фолатот, е исклучително важен во текот на целата бременост.Исклучително е важно витамин Б12 да се користи заедно со активен фолат во текот на целата бременост.Во соработка со витамин Б12, коензимскиот фолат овозможува претворање на споменатиот аминокиселински хомоцистеин во метионин. Недостатокот на оваа конверзија е поврзана со разни патологии и болести.

Фолат во активен облик
не е потребен ензим или дополнително активирање, тој секако целосно се апсорбира и искористува!

Тоа е природна форма на глукозаминска сол на фолна киселина растворлива во вода – сосема безбедна за употреба во бременост!

Витамин Б12 во активен облик
Две природни форми на витамин Б12 – метилкобаламин и аденозилкобаламин.

Активни форми на витамин Б12 – целосно се апсорбираат и се користат веднаш, без штетно ослободување на молекулите.

Сакам бебе
Се препорачува примена 12 недели пред планирана бременост!

Бремена сум
Се препорачува примена во текот на целата бременост! Активниот фолат и витамин Б12 се важни во текот на целата бременост за здрав развој на бебето. Тие играат улога во поделбата на клетките и придонесуваат за нормална психолошка функција, нормален метаболизам на хомоцистеин, намалување на замор и исцрпеност и нормално функционирање на имунолошкиот систем.

Природни состојки
Фолатот и витаминот Б12 се во природна, активна форма, потполно безбедни за употреба. Исклучително е важно тие да се користат заедно како подготовка за бременост и во текот на целата бременост.

Препорачана дневна доза
Препорачана дневна доза на фолат и витамин Б12 во бременост е 1 капсула дневно.

Препорачан дневен внес на фолати во текот на бременоста

Pregnatol Active folate со витамин Б12 содржи природни форми – активен фолат и активен витамин Б12 во препорачаната дневна доза за време на бременоста, пропишана од Европската агенција.

Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) препорачува внес од 600 µg фолна киселина дневно.

Се препорачува примена од 600 µg дневно, 12 недели пред планираната бременост, во текот на целата бременост и доење.

ОПТИМАЛНОТО НИВО НА ФОЛАТИ Е ВАЖНО ПРЕД И ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТА
Се препорачува суплементација со активен фолат три месеци пред зачнувањето и во текот на целата бременост, со цел да се постигне оптимално ниво во телото. Ниското ниво на фолати кај мајката се фактор на ризик за компликации во бременоста и развој на дефекти кај фетусот.

ВНЕС НА АКТИВЕН ВИТАМИН Б12 СО ФОЛАТ Е ВАЖЕН ВО БРЕМЕНОСТА !
Витаминот Б12, исто како и фолатот, игра исклучително важна улога за време на бременоста, затоа е потребно да се зема заедно со фолатот во текот на целата бременост. Во метаболичките процеси, заедно со фолатот, го намалува нивото на хомоцистеин, аминокиселина што предизвикува компликации во бременоста.

АКТИВЕН ФОЛАТ И ВИТАМИН Б12 ВО ПРИРОДЕН ОБЛИК
Фолната киселина и витамин Б12 се во нивната природна форма, исто како и во храната. Тие се во активна форма, па затоа не е потребно нивно активирање од страна на ензими. Наменет е за жени кои се подготвуваат и сакаат да останат бремени, како и бремени жени за време на бременоста.

Извори на фолна киселина
Фолатот се наоѓа во многу видови храна – зеленчук со зелени лисја, овошје, пивски квасец и производи од животинско потекло, како што се млеко и млечни производи, жолчки и црн дроб.
Недостаток на фолна киселина во бременоста
Недостатокот на фолна киселина во бременоста е фактор на ризик за развој на широк спектар заболувања како што се анемија, депресија, компликација во бременоста и лош резултат од бременоста.

ФОЛАТ И ВИТАМИН Б12 ВО АКТИВЕН ОБЛИК – НАЈДОБРИ КОГА СЕ ЗАЕДНО!
Поради својата исклучително важна улога, се препорачува додаток на витамин Б12 за време на бременоста, заедно со фолати. Најдобро е ако се применат заедно во активна форма, бидејќи на тој начин безбедно се апсорбираат и се користат!

Во соработка со витаминот Б12, коензимот на фолатот овозможува претворање на аминокиселината хомоцистеин во метионин. Недостатокот на оваа конверзија е поврзана со разни патологии и болести. Високо ниво на хомоцистеин во бременоста доведува до бројни компликации.

Витаминот Б12 овозможува ослободување на енергија и помага при апсорпција на фолна киселина.

Активниот фолат придонесува за нормална синтеза на аминокиселини, раст на мајчините ткива за време на бременоста и нормалното формирање на крв. Дополнително внесување на фолати го зголемува нивото на фолати кај мајката. Ниските нивоа на фолати кај мајката се фактор на ризик за компликации во бременоста, односно развој на дефекти на невралната туба кај фетусот.

Активниот фолат и витаминот Б12 играат улога во поделбата на клетките и придонесуваат за нормална психолошка функција, нормален метаболизам на хомоцистеин, намалување на замор и исцрпеност и нормално функционирање на имунолошкиот систем.

Витаминот Б12 придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за одржување на нормалниот метаболизам на енергијата и за нормално производство на црвени крвни клетки.

Активен фолат – потполно се искористува и апсорбира моментално во организмот
Витамин Б12 во два активни облици – комплетна апсорпција без ослободување на штетни молекули
Природен облик – потполно безбеден за примена во тек на бременост!

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “4U Pharma Pregnatol Active folate + B12 x30 капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.