Зошто FerroEV?
- 20mg железо во едно шишенце
- Единствен на пазарот спакуван во пластични шишенца
- Лесен за употреба, секојдневен транспорт и патување
- Чисто железо збогатено со екстракти од билки богати со железо за комплетно дејство
Пакување: 20 шишенца од 10ml
Што е FerroEv?
FerroEv е додаток во исхраната со железо кое придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, намалување на уморот и замореноста, како и нормален енергетски метаболизам. Железото е клучно во нормалното формирање на црвените крвни зрнца и хемоглобинот и нормалниот пренос на кислород во организмот.
Предностите на FerroEv
Малечките шишенца FerroEv се единствени на пазарот во пластична амбалажа за полесна употреба, која ви овозможува безбедно носење каде и да ви требаат. Покрај железото, овој препарат содржи и дополнителен витамин Ц кој докажано ја зголемува апсорпцијата на железото и придонесува за нормалното функционирање на имунолошкиот систем. Исто така има додаток на фолна киселина што го поддржува растот на мајчиното ткиво за време на бременоста.
За кого е FerroEv?
Погоден е за бремени жени и доилки, благодарение на максималниот внес на железо и фолна киселина, луѓе кои имаат исклучиво вегетаријанска исхрана, млади луѓе во развојна возраст и во фаза на раст, поради зголемената потреба и биолошката потреба од железо, жени во репродуктивна возраст со обилна менструација, луѓе кои имаат небаланситрана исхрана или кои често прават диети со малку калории, луѓе кои вршат напорни физички активности, како и постари лица на хронични терапии со лекови кои можат да влијаат на апсорпцијата на железо.
Употреба
Препорачаната доза е едно шишенце од 10ml дневно, може да се испие директно или растворено во вода или друга течност, по можност на празен стомак пред појадок или друг оброк.
Нутритивни вредности
Максимална дневна препорачана количина (1 шишенце од 10ml = 10,95g) | ||
Микрокапсуларен железо пирофосфат | 264mg | |
-од кое Fe | 20mg (143% ПВ*) | |
Витамин Ц | 43,8mg (54,75% ПВ*) | |
Хидроглицерински екстракт од листови од спанаќ | 36mg | |
Хидроглицерински екстракт од семе од морков | 36mg | |
Хидроглицерински екстракт од плод од шипинка | 36mg | |
Хидроглицерински екстракт од листови од коприва | 36mg | |
Хидроглицерински екстракт од изданок од добрејка | 36mg | |
Хидроглицерински екстракт од ризом од пиреј | 36mg | |
Лактоферин | 6,5mg |
Фолна киселина | 142µg (71% ПВ*) |
*ПВ – препорачан дневен внес
Состав
Вода, фруктоза, бистар сок од јаболко, бистар сок од малина, хидроглицерински екстракти [стабилизатор (глицерол – растителен), вода] од: плодови од шипинка (Rosa canina L.), корен од морков (Daucus carota L.), изданок од добрејка (Lepidium sativum L.), ризом од пиреј (Cynodon dactylon L.), листови од коприва (Urtica dioca L.), листови од спанаќ (Spinacia oleracea L.), LCB Ferrum Complex® [микрокапсуларен железо пирофосфат (малтодекстрини, железо пирофосфат, емулгатори (полиглицеролни естери на масни киселини, соја лецитин, натриум хлорид)], аскорбинска киселина (витамин Ц), лактоферин (од млеко), фолна киселина (витамин Б9), стабилизатор (натриум карбоксиметил целулоза), арома, конзерванс (калиум сорбат), ликопен од домат.
Информации за алергени: За алергени, видете ги задебелените состојки.
Овој производ нема коментари.