MaxMedica Цинк+Ц+Д3

(0 оценки и коментари)

324 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

  • Содржи оптимална концентрација на Цинк, витамин Ц и витамин Д3
  • Допринесува за нормална функција на имуниот и нервниот систем, мускулите, коските, кожата и забите
  • Делува превентивно во зајакнување на имнунитетот, допринесува за побрзо заздравување во текот и после болест

 

50 таблети/1 таблета дневно

 

 

За производот:
Цинк+Ц+Д3 таблетите содржат оптимална дневна доза цинк, витамин Ц и витамин Д3, нутриенти важни за зачувување на имунитетот и целокупното здравје на организмот.

Цинкот допринесува за нормална функција на имуниот систем, когнитивната функција, плодноста и репродукција и синтеза на протеини. Цинкот истотака допринесува за одржување на здрави и силни коски, кожа, коса и нокти, како и нормален вид и заштита на клетките од оксидативен стрес.

Витамин Ц допринесува за нормална функција на имуниот систем, нормална психолошка функција, одржување на нормален енергетски метаболизам, намалување на заморот и исцпеноста, заштита на клетките од оксидативен стрес, нормално создавање на колаген за нормална функција на  ‘рскавични крвни садови, кожа, коски, непцата и забите. Витаминот Ц ја зголемува апсорцијата на железо.

Витамин Д3 допринесува за нормална апсорбција (искористување) на калциум и фосфор, нормално ниво на калциум во крвта, одржување нормални коски и заби и нормална функција на мускулите, како и на имуниот систем.

Чести прашања:
На кој начин Цинкот допринесува за зајакнување на имнунитетот?

  • Цинкот покажува имуномодулаторни дејства и придонесува за правилна функција на имунолошкиот систем. Цинкот ги штити клетките од оксидативен стрес, а неодамнешните истражувања покажуваат дека додатоците со цинк значително ја намалуваат инциденцата на респираторни инфекции преку стимулирање на клетките на имунитетот, кои делуваат во прва линија на одбрана од инфекции, особено оние предизвикани од вируси.

Покрај зачувување на структурата и функцијата на коски и заби, зошто е важно да се земаат суплементи со витаминот Д3?

  • Витаминот Д3 придонесува за нормална функција на имунитетниот систем, а исто така има позитивен ефект врз мускулите, ја зголемува мускулната сила и ја намалува мијалгијата и миопатијата. Бидејќи недостаток на витамин Д3 е забележан кај некои пациенти со автоимуни заболувања, се препорачува зголемен внес на овој витамин во овие состојби. Витаминот Д3 го стимулира ослободувањето на невротрансмитерот серотонин, кој е важен за добро расположение, па токму поради тоа витамин Д3 се повеќе се користи во нарушувања на расположението и депресивни состојби. Кај псоријазата, постои зголемена пролиферација на клетки во епидермалниот слој на кожата и утврдено е дека витамин Д ја инхибира пролиферацијата и ја потенцира диференцијацијата на епидермалните клетки, што укажува на употреба на витамин Д3 и кај ова заболување на кожата. Се препорачува да се користи витамин Д3 превентивно во текот на есенските и зимските месеци, како и за луѓе кои не се доволно изложени на сончева светлина, без оглед на годишното време.

Дали овој суплемент Цинк+Ц+Д3 може да се користи во континуитет или мора да се прават паузи во неговата примена?

  • Таблетите цинк + Ц + Д3 може да се користат континуирано. Состојките на производот го модифицираат и зајакнуваат имунолошкиот одговор на организмот, но тие не покажуваат имуносупресивен ефект, затоа нема потреба да се прави пауза во нивната примена. Дополнување со цинк, витамини Ц и Д3 особено се препорачува за време на есенските и зимските месеци кога се почести бактериските и вирусните инфекции, кога внесуваме помалку храна богата со овие витамини и минерали и кога не сме доволно изложени на сончева светлина, но исто така е многу корисна и превентивна суплементација во текот на пролетта и летото, со цел да се зајакне одбраната на организмот и неговиот имунолошки одговор подоцна во однос на патогените микроорганизми.

Индикации:
Се препорачува примена на Цинк+Ц+Д3 со цел:

  • Нормална функција на имуниот систем
  • Заштита на клетките од оксидативен стрес
  • Нормална функција на мускулите
  • Намалување на уморот и исцпреноста
  • Нормални психолошки функции и зачувување на когнитивните функции
  • Создавање на колаген
  • Одржување на нормални коски, кожа, непца и заби

Состав:

50 таблети

Начин на употреба:
Се препорачува земање 1 таблета дневно, при оброк.

 

Состав на производот:

Активни состојки 1 таблета Нутритивна вредност
Цинк (цинк-оксид) 15мг 150%
Витамин Ц (Л-аскробинска киселина) 80мг 100%
Витамин Д3(холекалциферол) 10мг 200%

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “MaxMedica Цинк+Ц+Д3”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.