Состав:
Rhinostop® HOT содржи (во една кесичка):
- Парацетамол (500 мг) – аналгетик и антипиретик кој ја намалува зголемената телесна тмпература, ја отстранува главоболката, како и болката во мускулите и зглобовите
- Псеудоефедрин (60 мг) – деконгестив кој го намалува отокот на дишните патишта, ја подобрува нивната проодност, го намалува прекумерниот секрет во носните синуси, го олеснува дишењето
Rhinostop® HOT е збогатен со арома на тропско овошје и грејпфрут.
За повеќе информации за несаканите дејства, предупредувања и контраиндикации поврзани со употребата погледнете во Упатството наменето за пациентите.
Употреба:
- Возрасни и деца над 12 години: 2-3 кесички на ден. Содржината на кесичката треба да се раствори во чаша со вода. Исто така може да се користи и топла вода.
Времетраење на третманот:
- За возрасни пациенти до 5 дена
- За педијатриска популација (на возраст од 12-18 години) до 3 дена
Предупредување: не ја надминувајте препишаната доза освен ако така не Ви препорачал Вашиот доктор.
Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА
Начини на плаќање
- На врата при достава во готово;
- На врата при достава со платежна картичка;
- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.
Достава
eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.
Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:
за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.
за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.
Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:
2-5 работни денови.
Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.
Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.