Bionika Халсепт спреј за уста и грло

(0 оценки и коментари)

332 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Спреј при болки во грлото и воспалителни процеси во усната празнина

Availability: instock
Бренд:Bionika
Сподели:

СОСТАВ

Левоментол, тимол, етерични масла од еукалиптус, жалфија, каранфилче и нане.

Останати состојки: полиоксил 40 хидрогенирано рицинусово масло, глицерол, пропилен гликол, сахарин-натриум дихидрат, еозин и прочистена вода.

ДЕЈСТВО

Дејството на ХАЛСЕПТ спреј за уста и грло се должи на карактеристиките на активните компоненти кои влегуваат во неговиот состав.

Комбинацијата на активните компоненти, кои содржат флавоноиди, танини, терпени и други ароматични соединенија, придонесува за антивоспалителното, антисептично и аналгетско дејство на медицинското средство.

Етеричното масло од нане, како и Левоментолот, аплицирани локално во усната празнина имаат противвоспалително дејство, локално благо ладејќи и намалувајќи ја болката.

Тимолот, благодарејќи на неговата фенолна структура покажува антибактериски и антифунгални својства.

Етеричното масло од еукалиптус покажува антибактериска и антифунгална активност и делува противвоспалително.

Етеричното масло од жалфија поседува адстрингентни и антисептични својства, со што го прави производот погоден за третирање на ранички и улцерации (афти) во усната шуплина, воспалителни и трауматски процеси на меките ткива, третман на гингивит и по стоматолошки интервенции како обработка на пародонтални џебови, третман на меки ткива, чистење на забен камен и орални хируршки интервенции.

Етеричното масло од каранфилче, содржи голема количина на еугенол кој делува противвоспалително и како локален аналгетик.

ХАЛСЕПТ спреј за уста и грло се препорачува и при воспалителни промени во грлото, поради своите антибактериски и антифунгални својства, делува антисептично, ја намалува болката при голтање и го олеснува дишењето.

ХАЛСЕПТ спреј за уста и грло се користи и во случаи на појава на непријатен здив од устата од разни причини.

НАЧИН НА УПОТРЕБА

При болки во грлото и отежнато голтање:

Веднаш реагирајте уште на првите знаци на непријатно чувство во грлото.

Две до три распрскувања во задниот дел од грлото на секои 3- 4 часа или по потреба за брзо да се уништат микроорганизмите и да се спречи инфекција.

За воспалителни појави во усната празнина:

Непријатни појави како крварење или пречувствителност на непцата, воспаление на непца (гингивитис) и воспаление на периодонтален лигамент (периодонтитис), афти, разни промени на јазикот и образите од различни причини и друго.

Две до три распрскувања 3- 4 пати на ден половина час по јадење. Прснете го заболеното место во усната празнина, почекајте 15 секунди, потоа проголтајте го растворот.

За лош здив:

Бактериите што се задржуваат на коренот од јазикот создаваат непријатен мирис наречен халитозис или лош здив.

Откако ќе ги исчеткате забите, внимателно исчеткајте го и коренот на јазикот за да ги отстраните бакериите. Потоа распрскајте два до три пати од Халсепт спрејот за уста и грло во усната празнина, почекајте 15 секунди и проголтајте го растворот. Повторете го ова по секој оброк.

НАПОМЕНА

Не се препорачува употреба кај деца помали од 4 години.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

ХАЛСЕПТ спреј за уста и грло не смеат да го користат лица алергични на било која од состојките на производот.

Да се чува надвор од дофат на деца.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Bionika Халсепт спреј за уста и грло”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

1-3 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.