4U Pharma Pregnatol Multi + Active folate x30 капсули

(0 оценки и коментари)

775 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Драги идни мајки,

Бременоста е важно време. Време за грижа за себе, за своето здравје, задоволство и среќа. Време за радосно исчекување и детално планирање. Бидејќи, посветувајќи се на себе, мајката се грижи и за своето бебе. Поради тоа за вас подготвивме се што е неопходно за здрава бременост.

Pregnatol Multi + Active Folate содржи 20 нутритиенти, внимателно одбрани и прилагодени на зголемените потреби во текот на бременоста и периодот на доење, како би се обезбедил здрав раст и развој на фетусот и новороденчето.

Наменет е за бремени жени и доилки, а примена се советува во текот на целата бременост и периодот на доење.

Availability: instock
Бренд:4U pharma
Сподели:

QUATREFOLIC® (активен фолат)

ШТО Е ФОЛАТ?
Фолатот и фолната киселина се суштински исти. Разликата е во тоа што фолатот е сол на фолната киселина и тоа е во облик во кој таа природно се наоѓа во намирниците. Фолната киселина е хемиски, синтетички облик.

Фолатот спаѓа во групата на витаминот Б и тој има искчлучително значајна улога во организмот, особено во текот на бременоста.

ИЗВОРИ НА ФОЛНА КИСЕЛИНА
Фолната киселина во облик на фолати природно се наоѓа во намирниците како што се овошје и зелен зеленчук (пр. Кељ, брокула, спанаќ), но многу лесно може да се уништи со готвење или друга термичка преработка. Во намирниците дополнително се наоѓа во многу мала количина, па особено во бременоста е неопходно да се надополни со суплементи.

Внесот во облик на фолати (идентичен облик како во храната) е многу подобар внес од хемиски синтетизираната фолна киселина од повеќе причини. Најважно е тоа што на тој начин се постигнува многу подобра апсорпција и искористливост.

УЛОГА НА ФОЛНАТА КИСЕЛИНА ВО БРЕМЕНОСТА
Фолната киселина има исклучително важна улога во текот на бременоста и во метаболичките функции во клетката:

придонесува за раст на мајчиното ткиво за време на бременоста
има улога во процесот на клеточната делба
Фолната киселина е особено важна во текот на периодот на брза делба и раст на клетките, како што е токму периодот на бременост кога фетусот расте.

НЕДОСТАТОК НА ФОЛНА КИСЕЛИНА ВО БРЕМЕНОСТ
Со дополнително внесување на фолна киселина, се зголемува нивото на фолат кај мајката.

Ниското ниво на фолат кај мајката е ризик фактор за настанок на оштетување на невралната туба кај фетусот. Ова се однесува на жени во репродуктивниот перид, а корисен ефект се постигнува со додатно внесување на најмалку 400,0 μg фолна киселина, најмалку еден месец пред и три месеци по зачнувањето

Важноста на правилниот внес на фолати за време на бременоста е едно од најважните нутритивни откритија!

Препорачан внес на фолна киселина за време на бременоста:

Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) препорачува земање 600 µg фолна киселина дневно.

Се препорачува да се користат 600 µg дневно во тек на 12 недели пред планирање на бременоста, во текот на бременоста и за време на доењето.

ШТО Е QUATREFOLIC®
Quatrefolic® е природна, активна форма на фолна киселина, во форма на природна сол на глукозамин, која исто така природно се наоѓа во нашето тело. Синтетичката форма, фолна киселина, помалку се апсорбира и се користи во телото, а некои жени воопшто не можат да ја користат!

Потврдено е дека 30-50% од жените (во зависност од државата) воопшто не ја активираат и користат фолна киселина во организмот, бидејќи немаат ензим кој ја активира. Оваа внесена фолна киселина останува слободно да циркулира во крвта, потенцијално предизвикувајќи несакани ефекти и за мајката и за бебето.

Quatrefolic® АКТИВНА форма
не е потребен ензим или дополнителна активација, се користи веднаш! Тоа е природна форма на сол на фолна киселина растворлива во вода – затоа многу брзо се апсорбира и има исклучително висока искористливост во организмот!

B12 – активни форми
Две форми на витамин Б12 – метилкобаламин и аденозилкобаламин. Телото ги користи веднаш без никакво штетно ослободување на молекули.

Се што е неопходно
12 витамини и 7 минерали ги задоволуваат сите зголемени потреби за време на бременост и доење!

Содржи Холин
Допринесува за нормален метаболизам на хомоцистеинот и нормален метаболизам на липиди.

За бремени жени и доилки
Се препорачува за употреба за време на бременост и доење, со цел да се обезбеди здрав раст и развој на фетусот и новороденчето.

Препорачана дневна доза
Се што е неопходно во 1 капсула дневно!

ВИТАМИН Б12
Витаминот Б12 игра исклучително важна улога во нормалната функција на мозокот и нервниот систем.

Тој е вклучен во формирањето на црвените крвни зрнца – тие не можат правилно да се формираат и да се размножуваат без витамин Б12.

Исклучително е важен за создавање на генетски материјал и регулација на ДНК.

Има улога во енергетскиот метаболизам, а метаболизмот на секоја клетка во телото зависи од витаминот Б12.

Витаминот Б12 овозможува ослободување на енергија и ја помага апсорпцијата на фолна киселина. Фолната киселина не оди без витамин Б12, тие се тесно поврзани!

АКТИВНИ ФОРМИ НА ВИТАМИНОТ Б12 – ФОРМАТА Е ВАЖНА!
Најчеста форма на витамин Б12 во витаминските производи е цијанокобаламин. Тоа е неактивна форма на витамин Б12. За да го користите, прво мора да се активира во телото. По активирањето се ослободува молекула на цијанид, што е штетно.

Во производот Pregnatol Multi + Active Folate се наоѓаат две форми на витамин Б12 – метилкобаламин и аденозилкобаламин. Тоа се активни форми и затоа организмот ги користи веднаш без никакво штетно ослободување на молекули.

Поради неговата исклучително важна улога, се препорачува суплементација на витамин Б12 во текот на бременоста, заедно со фолна киселина. Тие најдобро се користат заедно ако се веќе во активни форми!

ХОЛИН
Холинот спаѓа во есенцијални нутритиенти. Неговата главна улога е учество во метаболизмот и транспортот на мастите, во процесите на метилација и во синтезата на невротрансмитерот ацетил-холин.

МАГНЕЗИУМ
Магнезиумот е есенцијален минерал кој припаѓа на групата макроелементи. Магнезиумот придонесува за намалување на замор и исцрпеност и одржување нормалната функција на мускулите и нервниот систем. Поради неговата улога во клеточната делба, тој е исклучително важен за време на бременоста.

ВИТАМИН Ц
Витамин Ц (Л-аскорбинска киселина) е најважниот хидросолубилен витамин, антиоксиданс и моќен редуцирачки агенс кој ги штити клетките од оксидативно оштетување. Неопходен е и за нормална функција на непцата, забите, ‘рскавицата, коските, кожата и крвните садови. Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо во организмот и го намалува заморот и исцрпеноста.

ЖЕЛЕЗО
Железото е суштински елемент за процесот на дишење и пренос на кислород во телото. Исклучително е важен за процесите на клеточна делба, како и за нормално формирање на црвени крвни зрнца и хемоглобин.

ВИТАМИН Д
Витаминот Д спаѓа во групата на липосолубилни витамини. Му помага на телото да ги апсорбира и користи калциумот и фосфорот, што е важно за нормална минерализација на коските. Витаминот Д е неопходен и за процесот на делба на клетките.Јод

Јодот е суштинска хранлива материја, неопходна за функционирањето на тироидната жлезда и синтезата на тироидните хормони. Поради исклучително важната улога што ја игра за време на бременоста и доењето, потребите од јод се значително зголемени во овој период.

ЦИНК
Придонесува за нормална синтеза на протеини, ДНК и нормална плодност и репродукција.

ХРОМ
Хромот придонесува за нормален метаболизам на макронутриенти и одржување на нивото на гликоза во крвта.

ВИСТИНСКИ ФОЛАТ СО АКТИВНИ ФОРМИ НА ВИТАМИН Б12
Фолатот и витаминот Б12 се во природни форми, исто како и во храната. Затоа, нивното активирање со ензими не е потребно. Тие најдобро се користат заедно ако се во активни форми.

ХОЛИН
Холинот е есенцијален нутриент, неговата главна улога во организмот е во метаболизмот и транспортот на мастите.

12 ВИТАМИНИ И 7 МИНЕРАЛИ
Внимателно избрано и приспособено на зголемените потреби за време на бременост и доење, за здрав раст и развој на фетусот и новороденчето. Сè што ви треба е во една капсула.

Вистински фолат со активни форми на витамин Б12
Холин
12 витамини и 7 минерали

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “4U Pharma Pregnatol Multi + Active folate x30 капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

1-3 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.