VIVATONIN® Good Night/ Виватонин® Добра Ноќ
Го олеснува заспивањето, го зголемува времетраењето и квалитетот на сонот.
Виватонин Добра Ноќ содржи двојна комбинација од природни состојки во високи количини кои го обезбедуваат брзото дејство и посакуваниот ефект.
Секоја капсула содржи 5 mg. мелатонин и 200 mg. eкстракт од корен на Валеријана.
За екстрактите од Валеријана (Valeriana officinalis) е докажано и потврдено дека поседуваат седативно,анксиолитично и цитопротективно дејство. Го подобруваат сонот и срцевиот ритам. Делува благопријатно на биолошкиот часовник, при стрес и психички оптоварувања, на активноста на вегетативниот систем, расположението и имунолошките функции. Мелатонинот (5-Metoksi-N-Acetiltriptan) е хормон кој е присутен во организмот на сите живи суштества. Се произведува од пинеалоцитите (вид клетки) во епифизата (која се наоѓа во мозокот), а исто така и од ретината и гастро-интестиналниот тракт. Мелатонинот го синхронизира биоритамот кај човекот, делува и како моќен антиоксиданс. Овој хормон им помага на луѓето да спијат, го намалува бројот на будења во тек на ноќта, придонесува за скратување на времето за заспивање и за полесно адаптирање, после патување, при смена на часовни зони- jet lag.
Употребата на Виватонин Добра Ноќ се препорачува за:
- Привремено олеснување на симптомите на нервна напнатост ,стрес, несоница и вознемиреност.
- Подобрување на активноста на вегетативниот нервен систем, расположението и имунолошките функции
- Скратување на времето за заспивање
- Полесно адаптирање после патување, при смена на часовни зони – jet lag.
Дозирање:
Возрасни – 1 капсула навечер, 30 мин. пред спиење.
Не се препорачува кај деца, бремени жени и доилки. Не се набљудувани несакани реакции од употребата на Виватонин Добра Ноќ.
Виватонин Добра Ноќ е безопасен, не предизвикува несакани ефекти, не предизвикува зависност и е безбеден за подолготрајна употреба.
Овој производ нема коментари.