Бионика Имуникс – Imunix

(0 оценки и коментари)

400 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

ИМУНИКС го јакне имунитетот и ја подобрува способноста на телото да се бори против инфекциите. Уникатната комбинација од спирулина, пивски квасец и селен го прави идеален, природен додаток во исхраната.

Меки капсули наменети за подобрување на имунитетот и општата здравствена состојба на организамот.

 

Шифра: /
Availability: instock
Бренд:Bionika
Сподели:

СОСТАВ:

Една мека желатинска капсула содржи 100 mg прашок од спирулина и 10 mg пивски квасец збогатен со селен (еквивалентно на содржина од 10 – 20 µg селен, во облик на органски селен)

Други состојки: масло од соја, желатина, глицерол, жолт пчелин восок, емулгатор: соја лецитин, боја: екстракт од рогач, прочистена вода

ДЕЈСТВО

ИМУНИКС претставува комбинација од прашок од спирулина и пивски квасец збогатен со селен. Се употребува за задоволување на зголементите потреби на организмот од витамини и минерали и го надокнадува нивниот недостиг во исхраната.

Спирулина претставува модро-зелена алга која содржи околу 60% протеини, есенцијални амино киселини и високи количини на Гама линоленска киселина (GLA). Спирулината е богата со фикоцијанин, кој е еден од конституенсите на крвта.

Најголемиот број од значајните витамини кои му се потребни на организмот, вклучувајќи ги Б-витамините, витамин Е и бета-каротен се наоѓаат во спирулината. Спирулината исто така е богата со минерали (вклучувајќи железо, калциум, цинк, калиум, магнезиум, селен, фосфор и олиго-минерали), ензими, хлорофил, сулфолипиди и гликолипиди.

ЗОШТО ДА УПОТРЕБУВАТЕ ИМУНИКС

Употребата на селенот помага во зајакнување на имунитетот.

Употребата на овие капсули помага при: зголемена телесна активност, при состојби на неадекватна, нередовна и еднолична исхрана (диети, гладување итн), за подобрување на растот и апетитот. Можат да се користат и при дефицит настанат заради различни болести или патолошки состојби кога се зголемени потребите за витамини и минерали, односно при состојби на зголемено губење на минерали (повраќање, проливи, силно потење).

Најважната карактеристика на пивскиот квасец е неговата висока содржина на витамините од Б групата (Б1, Б2, Б6, биотин, ниацин, Б12).

Витамините Б1, Б2, Б6, биотин (Б7), ниацин (Б3) и Б12 придонесуваат за нормална функција на нервниот систем

Витамините Б2, биотин (Б7) и ниацин (Б3) придонесуваат за одржување на нормална кожа

Збогатувањето на пивскиот квасец со селен дополнително ја зголемува неговата корисност од употреба.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Не го употребувајте ИМУНИКС доколку сте осетливи на некоја од неговите состојки

ПРЕДУПРЕДУВАЊА И НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА

Нема пријавени несакани ефекти или појава на токсичност поврзана со употреба на пропишаните дозволени дози на прашок од спирулина и пивски квасец збогатен со селен.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Се препорачува кај деца на возраст од 7 до 14 години по една капсула дневно, а кај возрасни од една до три капсули дневно.

Темно кафената мека желатинска капсула проголтајте ја цела, со малку течност

Не ги употребувајте додатоците на храна како замена за храна

За дополнителни информации обратете се кај Вашиот фармацевт или лекар

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Бионика Имуникс – Imunix”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.