Hemera Семе од Бел трн Силимарин

(0 оценки и коментари)

620 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

АКЦИЈА БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

При креирање на нарачката внесете го купон кодот: hemera

*Акцијата се однесува доколку сакате да нарачате еден производ, за два или повеќе производи доставата е секако бесплатна.

Можете да нарачате и телефонски 075 44 88 11

Органски произведено и сертифицирано семе (плод) од бел или млечен трн по принципот „од нива до трпеза“ од еколошки чисти подрачја во Македонија

Бел Трн Silybum Marianum со моќно хепатопротективно дејство (заштита на црниот дроб).

Сомеленото семе е спакувано во кеси од 180 г кое е доволно за конзумација на семето во период од 30 последователни денови. Препорачано е да се користи 1 кафена лажица на ден. При посериозни состојби и заболувања на црниот дроб може да се користат и 2 кафени лажици на ден (1 наутро + 1 навечер)

Семето од бел трн и активните супстанции не реагираат со храната и поради тоа може да се употребува со и без внес на храна. Може да се употреби како чај: 1 полна кафена лажица се попарува со 150 мл свежо зовриена вода и се остава да отстои 15-20 минути. Чајот може да се пие со или без талогот од семето.

Може да се додаде во храна: јогурт, кисело млеко, млеко, мусли, салати, смути, овошни сокови и слично.

Availability: instock
Сподели:

Белиот трн (Silybum marianum L.) е билка со најголем број на релевантни студии за докажување на ефикасноста на дејството (PubMed над 1000 публикации). Семето од бел трн е најмоќен природен прочистувач на црниот дроб со силно хепатопротективно дејство.

Семето од бел трн во зависност од квалитетот на производство може да содржи околу 6-10% силимарин. Силибинин (INN), исто така познат како силибин, е главната активна состојка на силимаринот, кој содржи мешавина на флавонолигнани на силибинин, изосилибинин, силицирин, силицидин и други. Самиот силибинин е мешавина од два дијастереомера, силибин А и силибин Б, во приближно еквимоларен однос. Мешавината покажува бројни фармаколошки ефекти, особено во црниот дроб, а постојат и клинички докази за употреба на силибининот како адјувантна терапија кај цироза на црниот дроб. Активните супстанции се состојат од околу 65-80% силимарин (комплекс флавононигнан) и 20-35% масни киселини, вклучувајќи линолеинска киселина. Силимарин е комплексна мешавина од полифенолни молекули, вклучувајќи и седум блиски поврзани флавононигнани (силибин А, силибин Б, изосилибин А, изосилибин Б, силихристин, изосилихристин, силидијанин) и еден флавоноид (таксифолин).

Mелено семе за разлика од екстрактите од бел трн освен наведените активни супстанции ја содржи и маслената фаза. Во оваа фаза се наоѓаат токоферолни композиции (Е витамин масло) α и γ токоферол и истата е богата со есенцијални масни киселини. Природната маслена фаза на семето ја подобрува ресорптивноста и транспортот на активните супстанции со што се зголемува искористливоста на силимаринот. Со ова ефектите од користење на нашиот производ се далеку поголеми од комерцијалните производи во облик на таблети и капсули  кои имаат додадена маслена фаза која би го емитирала природниот Е витамин.

ПРЕПОРАЧАНО ЗА:

здрави лица за превенирање на состојби и болести на црн дроб;

лица со зголемен внес на мрсна храна, алкохол и лекови;

лица со замастен црн дроб;

лица со инфективни и неинфективни хепатитиси,

лица кои се на хронична терапија со хемиски лекови

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Hemera Семе од Бел трн Силимарин”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.