Белиот трн (Silybum marianum L.) е билка со најголем број на релевантни студии за докажување на ефикасноста на дејството (PubMed над 1000 публикации). Семето од бел трн е најмоќен природен прочистувач на црниот дроб и панкреасот со силно хепатопротективно дејство.
Семето од бел трн во зависност од квалитетот на производство може да содржи околу 6-10% силимарин. Силибинин (INN), исто така познат како силибин, е главната активна состојка на силимаринот, кој содржи мешавина на флавонолигнани на силибинин, изосилибинин, силицирин, силицидин и други. Самиот силибинин е мешавина од два дијастереомера, силибин А и силибин Б, во приближно еквимоларен однос. Мешавината покажува бројни фармаколошки ефекти, особено во црниот дроб, а постојат и клинички докази за употреба на силибининот како адјувантна терапија кај цироза на црниот дроб. Активните супстанции се состојат од околу 65-80% силимарин (комплекс флавононигнан) и 20-35% масни киселини, вклучувајќи линолеинска киселина. Силимарин е комплексна мешавина од полифенолни молекули, вклучувајќи и седум блиски поврзани флавононигнани (силибин А, силибин Б, изосилибин А, изосилибин Б, силихристин, изосилихристин, силидијанин) и еден флавоноид (таксифолин).
Mелено семе за разлика од екстрактите од бел трн освен наведените активни супстанции ја содржи и маслената фаза. Во оваа фаза се наоѓаат токоферолни композиции (Е витамин масло) α и γ токоферол и истата е богата со есенцијални масни киселини. Природната маслена фаза на семето ја подобрува ресорптивноста и транспортот на активните супстанции со што се зголемува искористливоста на силимаринот. Со ова ефектите од користење на нашиот производ се далеку поголеми од комерцијалните производи во облик на таблети и капсули кои имаат додадена маслена фаза која би го емитирала природниот Е витамин.
ПРЕПОРАЧАНО ЗА:
здрави лица за превенирање на состојби и болести на црн дроб и панкреас;
лица со зголемен внес на мрсна храна, алкохол и лекови;
лица со замастен црн дроб;
лица со инфективни и неинфективни хепатитиси,
лица кои се на хронична терапија со хемиски лекови
Овој производ нема коментари.