Состојки | Во 1 кесичка | Во 2 кесички |
Инозитол | 1000 mg | 2000 mg |
Л карнитин | 1000 mg | 2000 mg |
Л аргинин HCL | 100 mg | 200 mg |
Витамин E(DL- α- токоферол ацетат) | 20 mg α-TE | 40 mg α-TE |
Цинк (цинк цитрат) | 5 mg | 10 mg |
Селен (натриум селенит) | 50 µg | 100 µg |
Исполнувач манитол, регулатор на киселост лимонска киселина безводна,
засладувач натриум цикламат, антислепувачки агент силициум диоксид, арома лимон
Што претставува С-мен ? С-мен содржи специјално одбрани состојки, и благодарение на нив придонесува за:
- созревањето и подвижноста на сперматозоидите
- зголемувањето на бројот на сперматозоидите
- зголемувањето на волуменот на спермата и фертилитетот ( плодноста)
- подобрувањето на функцијата на простатата
- обезбедување на оптимални нивоа на тестостерон во крвта
Л-карнитин и Л-аргинин се аминокиселини, кои имаат важна улога при делењето, созревањето и подвижноста на сперматозоидите.
Л-аргинин го зголемува бројот на сперматозоидите и го подобрува нивниот квалитет.
Л-карнитин помага за добивање на азотен оксид во сперматозоидот, што е важно за неговата одржливост и подвижност.
Инозитол е неопходен за здравјето на простатата и за зреење на сперматозоидите.
Цинк е важен елемент за функциите на половите жлезди. Придонесува за одржување на нормална концентрација на тестостерон во крвта и нормален фертилитет и репродукција. Цинкот учествува во процесот на делење на клетките. Нормалните нивоа на цинк во организмот се поврзани со нормалното количество сперматозоиди во спермата.
Селен е моќен антиоксидант. Го зголемува бројот на сперматозоидите и ја подобрува плодноста кај мажите Придонесува за нормална сперматогенеза и има поволно влијание врз потенцијата кај мажите.
Витамин Е е клучен антиоксидант за репродуктивните функции. Приемот на витамин Е доведува до значајно подобрување во плодноста.
Пред да земате С-мен
Не земајте С-мен, ако сте преосетливи кон активните супстанции или на некоја од останатите помошни материи. Додаток во исхрана со засладувач. Не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да не се пречекорува препорачаната доза!
Како да земате С-мен
1-2 кесички дневно, растворени во околу 250 мл вода.
Како да го зачувате С-мен
На собна температура, на места недостапни за деца. Не го користете С-мен по истекот на рокот наведен на пакувањето или кесичката.
производител:
ФОРТЕКС Нутрацеутикалс
Овој производ нема коментари.