SYNERGY OMEGA 3 1000mg 60 капсули

(0 оценки и коментари)

520 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

ИЗОБИЛСТВО НА ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ

Шифра: SYNERG42
Availability: outofstock
Бренд:Synergy
Сподели:

Нема на залиха

Што претставува Synergy Omega 3 1000mg?

Synergy Omega 3 1000mg e 100% природен додаток на исхрана со концентрирано рибино масло богато со Омега 3 незаситени масни киселини (DHA и EPA) и витамин Е. Омега 3 масните киселини се есенцијални поради тоа што не можат да бидат создадени од нашиот организам и затоа мора да се внесуваат преку исхраната и преку додатоци на исхрана.

Омега 3 масните киселини промовираат контрола на метаболизмот на мастите и придонесуваат за здрав циркуларен систем. Витамин Е како моќен антиоксиданс ја спречува оксидацијата на незаситените масни киселини и ги неутрализира слободните радикали.

Омега 3 масните киселини поседуваат антиинфламаторно, антиаритмичко,  антитромботично и вазодилататорно дејство.

Дејство на Omega 3 1000mg

Омега 3 масните киселини го намалуваат нивото на плазма триглицеридите кај лица со хипертриглицеридемија преку намалување на нивната синтеза во црниот дроб.

Омега 3 масните киселини помагаат во одржување на добра состојба на срцевиот мускул, коронарната циркулација и одржување на крвниот притисок.
Употребата на EPA и DHA за време на бременоста има значајни придобивки за плодот. Докажано е дека тие учествуваат во правилно созревање на клеточните мембрани и во развојот на мозокот и на ретината кај плодот.

Омега 3 учествуваат во одржување на интегритетот на клеточните мембрани и ја олеснуваат хидратацијата на кожата. Во неколку истражувања е забележано дека омега 3 масните киселини одржуваат здрав антивоспалителен баланс на зглобовите кај пациенти со ревматоиден артритис.

Омега 3 го намалуваат излачувањето на кортизолот, предизвикано од стрес.

Тие помагаат во одржување на нормална функција на мозокот и се неопходни за одржување на когнитивните функции, процесите на учење и меморија како и за добро расположение.

Многубројните студии од понов датум покажале дека омега-3 масните киселини кај постарата популација се добра превенција за Алцхајмерова болест и депресија. Омега 3 масните киселини имаат позитивно влијае на макуларната дегенција и се препорачуваат за одржување на нормален вид.

Предности на Synergy Omega 3 1000mg

  • Молекуларно дестилирана формула.
  • Високо концентрирано природно рибино масло.
  • Не предизвикува подригнување
  • Не содржи: скроб, квасец, пченица, глутен, пченка и конзерванси.

Дозирање: 1 – 2 капсули на ден, после оброк.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “SYNERGY OMEGA 3 1000mg 60 капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.