За производот
Омега Макс Кидс масло за деца
Омега Макс Кидс е течен додаток во исхраната на база на рибино масло, богато со омега-3 масни киселини. Содржи ДХА и EПA.
ДХА придонесува за одржување на нормалната функција на мозокот и одржување на нормалниот вид. Корисниот ефект се постигнува со дневно внесување на 250 mg DHA.
ЕПА и ДХА придонесуваат за нормално функционирање на срцето. Корисниот ефект се постигнува со дневна доза од 250 mg EPA и DHA.
Начин на чување:
Начин на чување на неотворениот препарат: да се чува на температура до 25 ° C, во оригиналното пакување, заштитено од светлина и влага.
Начин на чување по првото отворање: По отворањето, чувајте го во фрижидер и консумирајте го во рок од 3 месеци. Кога рибиното масло се чува во фрижидер, може да се појави заматеност, ова не влијае на квалитетот на препаратот.
Чести прашања
Омега-3 масни киселини во бременоста
Есенцијалните масни киселини линолеинска(ω-6) и α-линоленски (ω-3) масни киселини се важни во исхраната на бремените жени, доенчиња и мали деца затоа што фетусот и доенчето можат да ги претворат овие есенцијални масни киселини во други витални масни киселини, неопходни за правилен раст и развој на фетусот и новороденчето, особено за централниот нервен систем и мрежницата.
Докосахексанонската масна киселина (ДХA) и еикосапентаенонска масна киселина (ЕПА) се добиени од α-линоленска есенцијална масна киселина. Докосахексанонската масна киселина е важна за развојот на мозокот и мрежницата (развој на видот), а мрежницата е дел од централниот нервен систем. Докосахексаенската масна киселина има и антиинфламаторно дејство.
Омега-3 масни киселини за време на доењето
Мајчиното млеко содржи есенцијални масни киселини, но концентрацијата на ДХА е многу различна и зависи од количината на ДХА во исхраната на мајката.
Индикации
Индикации за употреба на додатокот во исхраната, Омега Макс Кидс:
- Осигурување на физиолошкиот развој на мозокот и видот кај доенчињата и малите деца
- Осигурување на физиолошкиот когнитивен развој кај доенчињата и малите деца
- Намалување на ризикот за создавање на дефицит од докозохексанонска масна киселина кај доенчињата и малите деца
Состав
Пакување: 100 мл
Начин на употреба:
Доенчиња од 6 месеци до 1 година – 1мл масло на ден ( доенчиња помали од 6 месеци, само по препорака на доктор)
- Од 1 до 3 години – 1,5 мл масло на ден
- Од 4 до 18 години – 2,5 мл масло на ден
- Лица постари од 18 години – 5мл масло на ден
Состав на производот:
Активни состојки | 1 мл | 1,5 мл | 2,5 мл | 5 мл | Нутритивна референтна вредност |
Еикосапентанонска киселина (ЕПА) | 147 мг | 221 мг | 368 мг | 736 мг | / |
Докосахексанонска киселина (ДХА) | 97 мг | 145 мг | 241 мг | 483 мг | / |
Земја на потекло: Република Србија
Овој производ нема коментари.