Health Aid InfantProbio капки за доенчиња и деца

(0 оценки и коментари)

1,815 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

InfantProbio има значајна улога во подобрување на гастроинтестиналните проблеми кај доенчињата и децата како и во зајакнување на имунитетот. Претставува уникатна и единствена формулација која се состои од живи колонии (200 милиони) во една доза на Lactobacillus Reuteri, NCIMB 30351 кои што се изолирани од мајчиното млеко. Ја стимулира и смирува локалната лигавица на цревата при состојби на грчеви, игра многу важна улога во превенција од алергии.

Природно во гастроинтестиналниот тракт (ГИТ) на човековиoт организам живеат бактерии кои што ја сочинуваат нормалната цревна флора и се познати под името пробиотици. Типот на бактериите кој што живеат во гастроинтестиналниот тракт на доенчињата и децата се сосема различни од оние кај возрасните

Кај доенчињата и децата ГИТ е првата одбрамбена линија на имуниот одговор спрема патогените, затоа од многу големо значење е тој да функционира беспрекорно добро и да остане здрав за да доенчињата и децата имаат одличен имунитет и здрав и правилен развој

Кај здрави доенчиња и деца постои баланс помеѓу добрите и лошите бактерии во ГИТ. Доколку тој баланс биде нарушен, се јавуваат проблеми со варењето на храната и пад на имунитетот. Особено тој баланс се нарушува кај доенчиња и деца кои што често се разболуваат, кај доенчиња што се на адаптирано млеко, оние кои употребуваат антибиотици, кај доенчиња и деца со одредени нарушувања во варење на храната (колики, диареа, запек, нетолеранција на лактоза), кај алергии и иритации на кожа како егзема.

HealthAid InfantProbio има значајна улога во подобрување на ГИТ проблеми и зајакнување на имунитетот кај доенчиња и деца бидејќи претставува уникатна и единствена формулација која се состои од живи колонии (200 милиони) во една доза на Lactobacillus Reuteri, NCIMB 30351 кои што се изолирани од мајчиното млеко.

Познато е дека Lactobacillus reuteri произведуваат Reuterin кој што има директен и широк анти-микробски спектар (директно антибактериско, антивирусно и антигабично дејство).

Исто така Reuterin има имудомодулаторно и имуностимулирачко дејство на тој начин што ја стимулира локалната лигавица на цревата во продукција на антитела кои што се одговорни за уништување на патогените бактерии.

Reuterin е и анти-инфламатор на тој начин што го намалува нивото на инфламаторните цитокини и C-reactiveprotein (CRP).

Reuterin игра многу важна улога во превенција од алергии на тој начин што му помага на имуниот одговор да направи разлика помеѓу патогените и непатогените антигени уште во најрана возраст и да реагира правилно и соодветно.

Reuterin игра особено важна улога во варењето и ресорпцијата на јаглехидрати.

Lactobacillus Reuteri се смета дека ја одржуваат во добра форма мукозата на гастроинтестиналниот тракт и придонесуваат за здрава и балансирана микрофлора во цревата.

Долго време се сметало дека грчевите кај новородечињата се еден вид на идиопатска појава која што трае неколку недели па и месеци од нивното раѓање. Lactobacillus Reuteri како најиспитуваниот пробиотик е докажан најефикасен при превенција на колики кај новороденчиња.

Состав во 5 капки: Lactobacillus Reuteri NCIMB 30351 200million CFU *

Помага да се превенира и намали времетраењето како и честотата на појавување на дијареа, гасови, рефлукс, опстипација и грчеви.
Помага во одржување на балансот во ГИТ помеѓу таканаречените добри и лоши бактерии.
Помага во одржување и регулирање на функцијата на дебелото црево.
Помага во зајакнување на имунитетот.
Помага во варење на лактозата.
Има особена корист за време на антибиотска терапија.
Помага да се подобри варењето и искористувањето на хранливите материи.
InfantProbio® е наменет за доенчиња и деца кои:

Страдаат од грчеви, дијареа, гасови, рефлукс, запек
Имаат абнормално и неправилно движење на дебелото црево
Имаат слабо варење на храна
Кога е потребно одржување на здрав имун систем
Се на антибиотска терапија и после антибиотска терапија
Кои се нетолерантни на лактоза

Доенчиња и деца од 0 до 3 годишна возраст по 5 капки еднаш на ден, кај деца над 4 години, 5 капки еднаш до три пати на ден. Кога се аплицираат капките, делот за накапување не смее да дојде во контакт со било каква течност вклучувајќи и плунка. Доколку се користат антибиотици потребно е да се аплицира 2-3 часа пред или после употребата на антибиотик. Не треба да се надминува дневната препорачана доза без консултација со лекар или фармацевт

HealthAid InfantProbio е без глутен, брашно, соја, млеко, лактоза, јаткасти плодови, јајца, гмо, вештачки бои, ароми и конзерванси.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Health Aid InfantProbio капки за доенчиња и деца”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.