Диастоп за бебиња капки со пробиотик

(0 оценки и коментари)

536 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Капки со пробиотици против грчеви, проливи и проблеми со варењето на храната кај бебињата.

Состав

ДИАСТОП за бебиња е пробиотски производ којшто млечнокиселински бактерии од сојот:

Lactobacillus rhamnosus KP GG (ATCC 53103)

Дејство

ДИАСТОП за бебиња е пробиотик којшто содржи млечнокиселински бактерии од сојот Lactobacillus rhamnosus. Истите се вклучени во воспоставувањето и во одржувањето на рамнотежата и на функцијата на цревната микрофлора и го стимулираат развојот на имунолошкиот систем. Може да се користат од најмала возраст, кај новороденчињата, доенчињата и кај малите деца.

Употреба

ДИАСТОП за бебиња се користи за превенција и за дополнително лекување состојби предизвикани од нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора коишто се манифестираат со стомачни грчеви (колики), пролив, надуеност и со други стомачни нарушувања, како и со атопичен дерматитис. Такви состојби се:

– бактериски и вирусни желудочно-цревни инфекции (на пр. ротавирусни инфекции, пролив којшто се појавува при патување);

– лекување со антибиотици со широк спектар.

ДИАСТОП за бебиња е наменет за перорална употреба (преку уста).

Најдобро е капките ДИАСТОП за бебиња да се земаат за време на јадење (заедно со оброк).

Капките може да се земаат со директно капнување во устата или помешани со мало количество вода, млеко, овошен сок, со други негазирани пијалаци или со храна (чија температура не е поголема од 37 оC).

Пред секоја употреба шишенцето треба добро да се протресе за да се измеша содржината на дното од шишенцето и за да се добие хомогена суспензија.

Новороденчиња, доенчиња и деца до 6-годишна возраст: 9 капки дневно.

По првото отворање производот може да се употребува во рок од 5 (пет) недели.

Пакување

Кутијата содржи стаклено шишенце со 10 ml суспензија и упатство за употреба.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Диастоп за бебиња капки со пробиотик”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.