Диастоп директ ќеси со пробиотик

(0 оценки и коментари)

262 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Микрогранули за пиење за директна употреба со вкус на малина и јагода

Шифра: DIASTO20
Availability: instock
Бренд:Alkaloid
Сподели:

ДИАСТОП Директ е пробиотски производ којшто содржи комбинација од две млечнокиселински бактерии:

Lactobacillus rhamnosus GG (BIFOLACтм),

Bifidobacterium animalis, SSP lactis (BL – 04)

и витамин Д3

Дејство

Млечнокиселинските бактерии се вклучени во воспоставувањето и во одржувањето на рамнотежата и на функцијата на цревната микрофлора и придонесуваат за нормална работа на ензимите за варење на храната, за имунолошкиот систем и за перисталтиката на цревата. Витаминот Д3 дополнително помага во воспоставувањето и во одржувањето на природниот баланс во цревата, овозможувајќи нормална функција на гастроинтестиналниот систем. Комбинацијата на млечнокиселински бактерии и витамин Д3 овозможува и регулација на општиот имунолошки одговор, како и модулација на локалниот имунолошки одговор.

Употреба

ДИАСТОП Директ се користи за превенција и за дополнително лекување дијареjа, надуеност и други стомачни нарушувања кои што настануваат поради нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора. Такви состојби се:

– бактериски и вирусни желудочно-цревни инфекции кај деца и кај возрасни (на пр. ротавирусни инфекции, пролив којшто се појавува при патување, како и при инфекција предизвикана од Helicobacter pylori);

-лекување со антибиотици со широк спектар и со хемотерапевтици.

Употребата на млечнокиселински бактерии во комбинација со витамин Д3 ефективно ја намалува честотата и сериозноста на благи до умерени дигестивни симптоми (главно дијареја) коишто настануваат поради нарушување на нормалната цревна микрофлора и ја одржува нормалната цревна перисталтика.

Начин на употреба:

ДИАСТОП Директ е наменет за перорална употреба (преку уста). Содржината од ќесичката е наменета за директна употреба, не се препорачува мешање со вода или со друга течност.

Возрасни: 1 – 2 ќесички дневно.

Деца над три години: 1 ќесичка дневно.

ДИАСТОП Директ не содржи шеќер.

Пакување:

10 ќесички

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Диастоп директ ќеси со пробиотик”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.