Бекутан Kids Vits мултиимуно ќеси

(0 оценки и коментари)

359 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Мултивитамински прашок со пробиотик за растварање со вкус на портокал.


Производот е формулиран како кесичка со две одделни прегради, при што секоја од нив содржи посебен прашок за растворање. Во едната преграда се наоѓа прашокот што содржи витамини и минерали (витамин Ц, витамин Е, витамин А, витамин Д, витамин ПП, пантотенска киселина, витамин Б1, витамин Б2, витамин Б6, биотин, фолна киселина, цинк, јод, калциум, бета-каротен), додека во другата преграда се наоѓа прашокот што содржи пробиотик (Lactobacillus rhamnosus GG).

Дејство

Прашокот за растворање Becutan KIDS VITS Мултиимуно придонесува за подигнување и одржување на имунитетот кај детската популација.

Витаминот Ц, витаминот А, витаминот Д, витаминот Б6, фолната киселина и цинкот придонесуваат за одржување нормална функција на имунолошкиот систем.

Витаминот Ц, витаминот Е и цинкот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Витаминот Ц, пантотенската киселина, витаминот Б6, нијацинот и фолната киселина придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.

Lactobacillus rhamnosus GG придонесува за одржување на рамнотежата на цревната микрофлора.

Начин на употреба:

Содржината од една кесичка се раствора во вода или во друга течност со собна температура (млеко, сок или јогурт).

Препорачана дневна доза:

Деца од 1 до 3 години: 1 кесичка на ден.

Деца над 4 години: 1 – 2 кесички на ден.

Пакување:

14 кесички

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Бекутан Kids Vits мултиимуно ќеси”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *