NOW Taurine 500 mg / 100 капсули

(0 оценки и коментари)

800 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Тауринот е условно есенцијална амино киселина која не се користи за синтеза на протеини, но главно се наоѓа во повеќето ткива, особено низ нервен систем. Функционира во ткивата со стабилизирање на клеточните мембрани и помагање во транспортот на калиум, натриум, калциум и магнезиум во и надвор од клетките. Тауринот помага да се генерираат и регулираат нервните импулси и поддржува одржување на нормална рамнотежа на течности; исто така се користи од организмот во визуелни патишта, како и во мозокот и нервниот систем, каде што делува заедно со глицин и ГАБА како невротрансмитер.

Здравје на нервниот систем
Здрава визуелна функција

Availability: instock
Бренд:NOW
Сподели:

Тауринот е условно есенцијална амино киселина која не се користи за синтеза на протеини, но главно се наоѓа во повеќето ткива, особено низ нервен систем. Во организмот се наоѓа во слободна форма во скелетните мускули, мрежницата на окото, црниот дроб, бубрезите, срцевиот мускул и мозокот и е од големо значење за функционирањето на нервниот систем. Се добива од аминокиселините метионин и цистеин со помош на витамин Б6.

Функционира во ткивата со стабилизирање на клеточните мембрани и помагање во транспортот на калиум, натриум, калциум и магнезиум во и надвор од клетките. Тауринот помага да се генерираат и регулираат нервните импулси и поддржува одржување на нормална рамнотежа на течности; исто така се користи од организмот во визуелни патишта, како и во мозокот и нервниот систем, каде што делува заедно со глицин и ГАБА како невротрансмитер.

Тауринот е градивен материјал за други аминокиселини и е составен дел на жолчката, која е неопходна за подобро варење на мастите и апсорпција на липосолубилните витамини како и за контрола на нивото на холестерол.

Учествува во регулирање на крвниот притисок и транспортот на електролити низ клеточните мембрани, го подобрува метаболизмот на гликозата и во процесите на регенерација на ткивата. Тауринот има улога во транспортот на креатин и го потикнува панкреасот во производство на инсулин. Тауринот ја подржува осетливоста на инсулин во ткивата поради што е составен дел од редукциските диети и во периодот на изградба на мускулна маса.

Тауринот влијае на спортските перфоманси – го намалува оштетувањето на мускулите, го ублажува заморот и воспалението на мускулите. Во исто време, суплементацијата со таурин го подржува намалувањето на телесната тежина бидејќи користи масти како извор на гориво.

Здравствени придобивки од земањето на таурин

Одржува правилна хидратација и рамнотежа на електролитите во клетките
Во формирање на жолчни соли, кои играат важна улога во дигестијата
Регулирање на минерали
Поддршка на централниот нервен систем и очите
Антиоксидативна функција

Предности

  • За централниот нервен систем – има заштитен ефект на мозокот, во комбинација со вазодилататорите ги подобрува когнитивните и другите функции на мозокот (помнење, внимание, говор, координација на движење), помага во ублажување на стресот и нервната напнатост, антиконвулзивно и седативно дејство.
  • Ефект на диуретик – тауринот го држи калиумот и магнезиумот внатре во клетката оставајќи го вишокот на натриум надвор и на тој начин делува како диуретик.
  • Имуностимулирачко дејство – помага во нормализирање на телесниот метаболизам, ја подобрува работата на хормонскиот состав и го зголемува имунтетот.
  • За црниот дроб – тауринот ја задржува жолчката во течна состојба и го намалува холестеролот во телото.
  • За кардиоваскуларниот систем – спречува отстранување на калиумот од срцевиот мускул, спречува создавање на крвни згрутчувања, аритмии, и потикнува циркулација на крвта
  • За дијабетичари – тауринот е антиоксидант, помага во намалување на нивото на шеќер, како и ја зголемува осетливоста на клетките на инсулин
  • За очи – ја подобрува циркулацијата на крвта и потикнува регенерација на мрежницата на окото
  • Во козметика – ја одржува потребната хидратација на кожата, го неутрализира оштетувањето на кожата, го зголемува нивото на лецитин во клетките, делува на состојбата на фоликулите и штити од слободни радикали
  • За спортиси – ги нормализира метаболните процеси во телото и спречува уништување на мускулното ткиво поради физички напор, влијае на растот на мускулна маса кога имаме интензивни тренинзи.
  • Се препорачува да го земаат вегетаријанци, повозрасни лица и спортисти.

Препорака за употреба: Земете 1 капсула 1 до 4 пати на ден со сок или вода, по можност помеѓу оброците.

Состав                                                          Количина во 1 доза:1 капсула                            % на дневни вредности

Taurine (слободна форма)                                500 mg

Други додатоци: брашно од ориз и хипромелоза (целулозна капсула).

Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.

Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО. Кошер.

Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доите, земате лекови (вклучувајќи антихипертензивни и диуретични лекови) или имате некаква медицинска состојба (вклучувајќи хипертензија). Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

 

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “NOW Taurine 500 mg / 100 капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

2-5 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.