Lekolid™ таблети за терапија на ендометриоза

1,585 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Со троен механизам на дејство за потполна контрола на симптомите на ендометриоза, Lekolid™ ги ублажува воспалението и болката, го запира растот на ендометриумско ткиво и ја намалува можноста од повторна појава на симптоми.

Зошто Lekolid™?

Троен механизам на дејство за потполна контрола на симптомите на ендометриоза

  •  Ублажува воспаление и болка
  •  Запира раст на ендометриумско ткиво
  •  Намалува можност од повторна појава на симптоми

Што е Lekolid™?

Леколид™ е додаток на исхраната и е потполно природен производ, со патентирана активна технологија*, за терапија на ендометриоза. Компонентите на Lekolid™ дејствуваат синергистички на симптомите на болеста.

*ENDOBASP® технологијата на изработка на таблети обезбедува ефикасна и зголемена апсорпција, како и биорасположивост на супстанците кои нормално не се апсорбираат.

Кои се симптомите на ендометриоза?

Симптомите на ендометриоза варираат, така што некои жени немаат никакви симптоми, а кај други се јавуваат јасно изразени симптоми, иако отсуството или присуството на симптоми не укажува на степенот на развиеноста на ендометриозата. Симптомите вклучуваат:

  • Хронична болка во карлицата
  • Болни менструации (дисменореа)
  • Обилни менструации
  • Хронична физичка исцрпеност
  • Болка при сексуален однос
  • Болка за време на овулација
  • Болка при перисталтички движења на цревата (придвижување на храната во цревата) или за време на мокрење
  • Болка во грбот
  • Надуеност…

За кого е наменет Lekolid™?

Lekolid™ е безбеден и ефикасен во намалување на инфламацијата на ектопичното ендометриумско ткиво кое се поврзува со болните симптоми на ендометриозата. Lekolid™ се препорачува кај:

  • пациентки кои не можат да користат NSAID (нестероидни антиинфламаторни лекови), стероидни лекови, андрогени или антиестрогени при компликации,
  • пациентки кои се подложени на аблациона хирургија, како што е лапароскопија или лапаротомија,
  • пациентки кои примале фармаколошка терапија.

Дејство

Дејството на Lekolid™ има троен ефект така што го запира растот на ендометриумското ткиво, ја ублажува болката и инфламацијата и го отстранува оксидативниот стрес.

Компонентите на Lekolid™ дејствуваат синергистички на симптомите на болеста. Активните супстанции куркумин и куркуминоиди дејствуваат така што го запираат растот и ширењето на ендометриумското ткиво. Исто така имаат и антиинфламаторно и антиоксидативно дејство, значајно во контрола на болката и други симптоми на ендометриозата. Кверцетинот спаѓа во класата флавоноиди (органски соединенија од растително потекло), и како и куркуминоидите делува со запирање на растот на ендометриумското ткиво, антиинфламаторно и антиоксидантно. N-acetil-cistein (NAC) претставува форма на L-cistein (полуесенцијална аминокиселина) и познат е по своето антиоксидативно дејство. Доведува до значајно намалување на обемот на ендометриумските цисти.

Дозирање и употреба

Една таблета дневно со лажичка маслиново масло или за време на оброк за да се подобри апсорпцијата на активните состојки
Препорачан начин на употреба: 1 таблета дневно во циклус од 3 месеци.

По потреба може да се комбинира со други лекови: контрацептивни или хормони и лекови за терапија на болка.

Може да се користи и по хируршка интервенција, со цел да се намали можноста од повторна појава на симптоми.

Не се познати несакани дејства, нема интеракција со други лекови и нема ограничувања во употребата. Не содржи глутен, ниту лактоза.

Производот не е наменет за лица чувствителни на некоја од состојките на производот, бремени, доилки и деца помлади од 3 години, лица со опструкција на жолчни патишта и со камен во жолчка, како и лица на антикоагулантна терапија.
Состав
ЛЕКОЛИД™1 ТАБЛЕТА
Кверцетин200 мг
Куркума210 мг
   куркуминоиди200 мг
N-acetilcistein150 мг

Подетални информации за производот и клиничките докази прочитајте на Lekolid™ – Троен механизам на дејство за потполна контрола на симптомите на ендометриоза.