Bionika Диурекс капсули од Коњско опавче

(0 оценки и коментари)

296 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Меки капсули кои го помагаат исфрлањето на вишокот течности од организмот.

Бренд:Bionika
Сподели:

СОСТАВ:

1 мека желатинска капсула содржи 150 mg екстракт од коњско опавче (Equisetum arvense).

Други состојки: масло од соја, желатин, глицерол, прочистена вода, силициум диоксид, емулгатор: соја лецитин, карамел (Е150а), титан диоксид (E171).

ДЕЈСТВО

има диуретично дејство и го помага излачувањето на вишокот течности од организмот.

ШТО ПРЕТСТАВУВА ДИУРЕКС И КОРИСНОСТ ОД УПОТРЕБА

Коњското опавче се користи повеќе од илјада години поради диуретичното дејство.

Екстрактот од коњско опавче содржи големо количество на минерални материи, во најголема мера SiO2. Содржи и стероли, аскорбинска киселина, фенолни киселини и други компоненти.

Најважно дејство на Диурекс е тоа што го засилува излачувањето на урина (дејствува како диуретик).

Зголеменото излачување на урина е од голема важност и го помага елиминирањето на вишокот од течности од организмот.

ПРЕД ДА ЗЕМЕТЕ ДИУРЕКС

Диурекс не треба да го употребувате

доколку сте алергични (хиперсензитивни) на екстракт од корен од коњско опавче или било која друга состојка на Диурекс.

кај пациенти со едеми поради нарушена срцева слабост или бубрежна функција.

Земање на Диурекс со храна или пијалоци

Храната и пијалоците не влијаат на дејството на Диурекс.

Бременост и доење

Диурекс не се препорачува да се користи за време на бременост и доење бидејќи нема доволно податоци за безбедноста и влијанието врз развојот на бебињата и малите деца.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА И НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА

Во случај на појава на благи гастроинтестинални тегоби или алергиски реакции треба да го прекинете земањето на капсулите.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Земајте по една мека желатинска капсула 3 пати на ден. Земајте ги Диурекс капсулите најмногу 30 дена. После тој временски период консултирајте се со лекар во врска со продолжена употреба или доколку користите некој друг лек.

Голтнете ја меката желатинска капсула цела со вода.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Bionika Диурекс капсули од Коњско опавче”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *