Collagen Complex е уникатна силна формула која ги комбинира предностите на најпознатите состојки за ревитализација и заштита на кожата. Хидролизираниот колаген и силиката придонесуваат кон одржување на нормални нивоа на колаген, со што ја обезбедуваат цврстината и еластичноста на кожата. Хиjалуронската киселина помага при одржувањето на влажноста и еластичноста на кожата. Бета-каротенот и витаминот Е се силни антиоксиданти кои придонесуваат за заштита на кожата од прерано стареење предизвикано од оксидативен стрес. Витаминот Ц игра важна улога во производството на колаген и помага при заштита на колагенските влакна кои обезбедуваат поддршка на структурата на кожата. Цинкот е минерал со суштинско значење, кој има предности при регулирање на активноста на масните жлезди, со што се задржува виталноста и сјајноста на кожата.
Состав: Betacarotene 6mg, Vitamin E (45 iu) 30mg, Vitamin C 100mg, Zinc 20mg, Hydrolyzed Collagen 1200mg, Bamboo Extract 333mg, Which Provides: Silica 250mg, Hyaluronic Acid 120mg.
Помага при негување на кожата и одржување на виталноста и еластичноста.
Содржи моќни антиоксиданти кои ги штитат клетките во кожата од оксидативно оштетување и стареење.
Обезбедува поддршка при проблематични состојби на кожата, како што се акните, преку регулација на активноста на масните жлезди.
Ја одржува еластичноста на кожата.
Помага при одржување на природната влажност и сјајот на кожата.
Лица кои сакаат да ја задржат еластичноста и младиот изглед на кожата.
Лица кои често се изложени на силно сонце и надворешни влијанија.
Лица кои се изложени на загадување.
Лица кои сакаат да се превенираат од појава на брчи и стареење на кожата.
Лица со проблематична кожа.
Предупредување:
Производот не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Ве молиме пред да го земете овој производ да се консултирате со вашиот лекар доколку боледувате од некоја болест, доколку земате лекови, ако сте бремени или доите или пак сте алергични на нешто.
Возрасни и деца над 16 години, по две таблети дневно со храна. Да не се пречекорува препорачаната дневна доза освен доколку тоа не е препорачано од соодветно квалификувано лице.
Можни несакани дејства:
Како и сите медицински производи и Collagen Complex таблетите може да имаат несакани дејства, иако истите не се јавуваат кај сите пациенти.
Многу ретко може да се јават локални реакции на преосетливост.
Овој производ нема коментари.