Колагенот е во форма на пептиди што веќе се разделени во соодветна големина за апсорпција во човечкото тело. Молекуларната маса на пептидите Peptan е оптимизирана за најдобра апсорпција и изнесува 3.000 Далтони. Пептидите Peptan се карактеризираат со комбинација од 18 клучни амино киселини, со особено висока концентрација на Глицин 24%, Пролин /Хидроксипролин 26%, Есенцијални Аминокиселини 18%, Глутаминска Киселина 7%, Аргинин 10%, Аланин 8%. Овој специфичен состав на аминокиселините обезбедува колаген пептиди со функционални својства кои не можат да се најдат со други протеински извори.
Пептидите Peptan се биодостапни и лесно сварливи, што овозможува над 90% од колаген пептидите да се апсорбираат во телото, во рок од неколку часа од внесување (ингестијата).
Колагенот е најважниот протеин во човечкото тело, со застапеност од 35% од сите протеини, тој е главна компонента на сите сврзни ткива, мускулите, крвните садови, го овозможува интегритетот на ткивата, еластичноста и регенерацијата на кожата, коските, зглобовите и ‘рскавицата. Тоа е “лепак” кој помага да се одржи телото заедно. Недостатокот на колаген во телото резултира со мускулно-скелетни нарушувања (артритис, остеопороза, вкочанетост, нарушена органска структура на коските, мускулни повреди), нарушување на имунолошкиот систем и појава на физички промени поврзани со стареење, како што се брчки, целулит, кожата и косата го губат сјајот и еластичноста.
Колагенот во комбинација со витамините и минералите придонесува во:
Придонесува во одржување на поцврста, сјајна, мека, еластична и мазна кожа.
Придонесува во зголемување на хидрација на кожата за 28%, намалување на микробразите за 26% и зголемување на еластичноста на кожата за 19%.
Придонесува во регенерација и зараснување на тетивите и на лигаментите.
Придонесува за одржување на здрави зглобови и коски, може да поттикне зголемена синтеза на хондроцити (‘рскавични клетки), што доведува до зголемено производство на агрекан и колаген тип 2, двете главни компоненти на’ рскавицата. Ова може да ги редуцира деградирачките ефекти на ‘рскавицата при остеоартрит.
Придонесува во намалување на болката и симптомите кај состојби на остеопороза ги стимулира остеобластите, се враќа природната еластичност и цврстина на коските.
Придонесува спречување на негативните ефекти на саркопенија (губење на мускулната маса).
Придонесува за одржување на здрави нокти и здрава и цврста коса.
Придонесува во подобрување на имунолошкиот систем.
Придонесува во подобрување на циркулацијата.
Doc Collagen е висококвалитетен додаток во исхраната за пиење наменет за возрасни лица.
Без мирис и вкус на риба, со вкус на јагода.
Без алергии, Без глутен, Без лактоза, Без алкохол.
НЕ содржи шеќер и други вештачки засладувачи, засладен со Стевија.
Производите на Doc Pharma се дизајнирани со целосно почитување на човековата природа и врз основа на потребите на современите луѓе. Во процесот на производство засновано врз строги фармацевтски стандарди и протоколи GMP, се користат внимателно избрани суровини со висок квалитет, одлична чистота и секогаш во концентрации идеални за потребите на современите мажи и жени.
Научно заснованиот избор на вистински хранливи материи, во вистинска комбинација и во идеална содржина, создава високо квалитетни додатоци во исхраната кои ги поддржуваат потребите на современиот начин на живот.
Doc Collagen е произведен во Грција и ги исполнува сите критериуми за квалитет и веродостојност на производи од групата на додатоци во исхрана, а компанијата Doc Pharma S.A. е сертифицирана со ISO 9001:2008,а производниот капацитет со GMP (Good Manufacturing Practices) и GDP (Good Distribution Practices) сертификати и стандарди.
Активни состојки
Количество во доза (20 ml) %ПДВ
Колаген 5000 mg **
Хијалуронска киселина 20 mg **
Витамин Б1 (тиамин) 1,10 mg 100%
Витамин Б2 (рибофлавин) 1,40 mg 100%
Витамин Б5 (пантотенска киселина) 6,00 mg 100%
Витамин Б6 (пиридоксин) 1,40 mg 100%
Витамин Ц (аскорбинска киселина) 100 mg 125%
Цинк 5 mg 50%
Бакар 1 mg 33%
Биотин 50 mcg 100%
*%ПДВ – % Препорачана дневна вредост.
** – дневна вредност не е одредена.
Дозирање:
Препорачаната доза е 20ml дневно (една мерна чашка), по можност пред ноќен сон. Може да се консумира чист или растворен во вода или сок.
Луѓето кои се чувствителни или алергични на било која од состојките на додатоците во исхраната треба да избегнуваат да ги користат. Не го надминувајте препорачаното дневно дозирање. Диететски додатоци не треба да се користат како замена за урамнотежена исхрана. Да се чува подалеку од дофат на деца. Овој производ не е наменет за спречување или лекување на болест кај луѓе. Консултирајте се со Вашиот доктор ако сте бремени, доите, се лекувате или имате здравствени проблеми.
Овој производ нема коментари.