DOC MCM & Glucosamine x 60 таблети 1+1 ГРАТИС

(0 оценки и коментари)

575 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

ЗА КУПЕН ЕДЕН Doс MSM & Glucosamine  ДОБИВАТЕ ЕДЕН ГРАТИС

Doс MSM & Glucosamine додаток во исхрана со MSM (Methylsulfonylmethane) и глукозамин (Glucozamine), збогатен со хондроитин (Chondroitin) и био-активен колаген тип II. Придонесува за нормално формирање на колаген за нормална функција на ‘рскавицата, зглобовите и коските.

Количина: 60 таблети
Не содржи глутен, лактоза, гликоза, сол

Availability: instock
Бренд:DOC
Сподели:

MSM (Methylsulfonylmethane) органско соединение на сулфур и една од најчестите супстанции што се наоѓаат во организмот и е градежен блок за коските и зглобовите. MSM (Methylsulfonylmethane) обезбедува сулфур кој е потребен за многу различни основни функции во телото. Тој игра важна улога во производството на глукозамин, кој е важен за коските и зглобовите. Глукозамин е природно присутен во коските и ‘рскавицата и се смета за градежен блок за зглобовите и’ рскавицата.

MSM (Methylsulfonylmethane) во мали количини природно може да се најде во одредени видови на храна – кравјо млеко, некои видови месо, морски плодови, овошје и зеленчук и слично. MSM содржи сулфур, хемиски елемент за кој се знае дека игра улога во многу биолошки процеси. Соединенијата на сулфур ги има во сите клетки на телото и се неопходни за живот. MSM помага да се создадат хемиски врски неопходни за формирање и одржување на бројни различни видови на структурни ткива на човечкото тело, вклучувајќи ги и сврзните ткива, како што се артикуларната ‘рскавица и кожата.

Глукозамин (Glucosamine) е природно соединение кое е хемиски класифицирано како амино шеќер. Глукозамин е градежен блок за различни функционални молекули во човечкотот тело, но примарно е поврзан со развој и одржување на ‘рскавицата во зглобовите. Кај луѓето, тоа помага во формирање на ‘рскавица и најчесто се користи како додаток во исхраната за лекување на нарушувања на зглобовите како остеоартритис. Глукозамин се јавува природно во организмот, но нивоата паѓаат како што стареат луѓето. Со текот на времето, намалувањето може да придонесе за влошување на состојбата на зглобовите, зголемено триење, болка, намалена подвижност.

Колаген тип II е фибриларен протеин составен од 3 долги ланци на аминокиселини кои формираат цврсто спакувана мрежа од фибрили и влакна. Тоа е главната компонента на ‘рскавицата во телото. Колаген тип II е клучна компонента која допринесува за цврстина и еластичност на ‘рскавицата. Недостатокот на колаген во телото резултира со мускулно-скелетни нарушувања (артритис, остеопороза, вкочанетост, нарушена органска структура на коските, мускулни повреди), нарушување на имунолошкиот систем и појава на физички промени поврзани со стареење, како што се брчки, целулит, кожата и косата го губат сјајот и еластичноста.

MSM (Methylsulfonylmethane) & Glucosamine придонесува за :

Нормална функција на ‘рскавицата, зглобовите и коските.
Нормално производство на колаген, кератин и еластин.
Подобрена флексибилност на зглобовите, ткивата и крвните садови.
Помага во олеснување на болка во зглобовите и помага во регенерација на зглобовите.
Го забрзува процесот на мускулно опоравување и ги намалува симптомите на воспаление на мускулите.
Помага во заштита на клетките од оксидативен стрес (антиоксидативно дејство).

Состојки                                                                           Во 1 таблета           %ПДВ*
Глукозамин (како глукозамин хидрохлорид)     104 mg                         **
Метилсулфонил метан (MСM)                                 83,5 mg                        **
Хондроитин сулфат                                                     83,5 mg                        **
Biocell Колаген тип II 83,5 mg **

*%ПДВ – Препорачана дневна доза

** – дневна доза не е одредена

Дозирање: 2-6 таблети дневно по јадење или како што ќе Ви препорача лекар.

Не ја надминувајте препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не служат како замена за добро урамнотежена исхрана. Овој производ не е наменет за превенција, терапија или лекување на човечки болести. Консултирајте се со вашиот лекар доколку сте бремени, доите, користите лекови или имате здравствени проблеми. Чувајте подалеку од дофат, на деца, на суво место и собна температура (максимум 25 °C).

Производите на Doc Pharma се дизајнирани со целосно почитување на човековата природа и врз основа на потребите на современите луѓе. Во процесот на производство засновано врз строги фармацевтски стандарди и протоколи GMP, се користат внимателно избрани суровини со висок квалитет, одлична чистота и секогаш во концентрации идеални за потребите на современите мажи и жени.

Научно заснованиот избор на вистински хранливи материи, во вистинска комбинација и во идеална содржина, создава високо квалитетни додатоци во исхраната кои ги поддржуваат потребите на современиот начин на живот.

Doс MSM & Glucosamine е произведен во Грција и ги исполнува сите креитериуми за квалитет и веродостојност на производи од групата на додатоци во исхрана, а компанијата Doc Pharma S.A. е сертифицирана со ISO 9001:2008, а производниот капацитет со GMP (Good Manufacturing Practices) и GDP (Good Distribution Practices) сертификати и стандарди.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “DOC MCM & Glucosamine x 60 таблети 1+1 ГРАТИС”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.