Ginkgo Vital 3 капсулите се комбинација од екстракти од гинко билоба, корејски женшен и сибирски женшен. Идеална комбинација за одржување на енергија, ментален капацитет и добра циркулација.
Гинкото содржи флавоноиди и трепеноиди кои како антиоксиданси спречуваат оштетување на клетките од слободните радикали, а со тоа и ги забавуваат ефектите на стареење.
Повеќе од 300 студии докажале дека гинкото ја подобрува циркулацијата низ целото тело, особено во мозокот, со што ја штити и подобрува меморијата и менталната способност, дури и за луѓе со Алцхајмерова болест. Трепеноидите се тие кои ја подобруваат циркулацијата преку дилатација на крвните садови и ја спречуваат агрегацијата на тромбоцитите. Гинкото има широка упореба и се користи за деменција и алцхајмерова болест, интермитентна клаудикација, анксиозност, глауком и макуларна дегенерација, меморија и други когнитивни функции, невропатии предизвикани од дијабет, вртоглавици, главоболки, тинитус и уште многу други состојби.
Гинкото не се препорачува да се користи кај деца, трудници и доилки.
Корејскиот женшен е познат и му помага на телото да се справи со менталниот и физички стрес што е и негово доминантно дејство. Корејскиот женшен се користи и при настинки и грип, а според клиничките студии докажано е дека го зголемува бројот на клетките од имунолошкиот систем и го подобрува имуниот одговор кон вирусите. Покрај ова е и антиоксидант што значи дека помага на телото да се ослободи од слободните радикали.
Многу од клиничките студии го покажуваат позитивниот ефект од комбинацијата на гинко билоба и корејски женшен на когнитивните способности како концентрација и меморија.
Се користи и за подобрување на физичката издржливост посебно кај спортисти. Корејскиот женшен се користи и за ослободување на симптомите на ПМС и за подобрување на либидото.
Состав: Ginkgo biloba 50:1 Extract (equivalent to 5000mg of Gingko Biloba raw powder) [standardised to 24% Flavone Glycosides & 6% Terpine Lactones] 100mg, SiberginTM Siberian Ginseng extract (5:1) 250mg, Koregin Korean Ginseng extract (5:1) in a base of soybean oil 150mg.
Лица кои сакаат да ја подобрат меморијата
Лица кои имаат потреба да ја зголемат енергијата
Оние кои сакаат да ја подобрат циркулацијата
Лица кои имаат нарушен слух и зуење во ушите
Лица кои имаат вртоглавица
Лица со хроничен замор
Може да помогне во подобрување на меморијата, концентрацијата, размислувањето и учењето
Може да ја подобри циркулацијата
Може да ја подобри еластичноста на ѕидовите од крвните садови
Може да помогне во заштита на телото од оксидативно оштетување
Може да помогне во регулирање на метаболните синдроми ( шеќерот во крвта и маснотиите)
Може да помогне во заштитата на ретината на очите
Ginkgo Vital 3 капсулите ги конзумираат возрасни лица наутро веднаш после будење 1 капсула дневно со храна. Дозата не се зголемува освен во консултација со лекар или фармацевт.
Овој производ нема коментари.