MaxMedica Гинко Макс капсули

(0 оценки и коментари)

250 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

  • Помош при вртоглавица и главоболки
  • Ја подобрува меморијата
  • При проблеми со циркулацијата на главата

 

30 капсули/ 1 капсула дневно

Нема на залиха

За производот

Ефективноста на Гинко Макс

Капсулите Гинко Макс помагаат во подобрувањето на циркулацијата, концентрацијата и меморијата.

Најдобар ефект на Гинко Макс е забележан при ублажување на заболувања на мозочното стебло. Го зголемува протокот на крв низ капиларите, со што се подобрува периферната циркулација. Покрај тоа, тој има позитивен ефект врз еластичноста на вените, така што може да се користи за хемороиди и проширени вени.

Чести прашања

  • Што е Гинко билоба?

Гинко билоба е дводомно, долговечно листопадно дрво со висина од 30-40 м, со карактеристични лепезни листови. Гинко потекнува од Азија и се одгледува ширум светот во Европа, Австралија, Северна Америка, додека комерцијално се одгледува во САД и Франција.

Лисјата на растението Гинко билоба се од голема важност за медицината. Гинко фолиум е исушен лист од растението Гинко билоба и содржи голем број на различни фитохемикалии, вклучувајќи алкани, липиди, стероли, бензеноиди, каротеноиди, фенилпропаноиди, јаглехидрати, флавоноиди и терпеноиди. Главните компоненти се флавоноиди, а во помала мера и гликозиди, негликозидни бифлаваноиди, катехини и проантоцијанидини. Карактеристични соединенија на овој растителен материјал се единствени дитерпен лактони гинколиди А, Б, Ц, Ј и М и сексвитерпен лактон билобалид.

 

Гинкголид Б е силен инхибитор на факторот на активирање на тромбоцити (ПАФ), што е многу важно за индукција на агрегација на тромбоцити, независно од арахидонат. Гинкголид Б го блокира врзувањето на ПАФ со неговиот рецептор, што има антагонизирачки ефект. Антагонизацијата ја инхибира бронхоконстрикцијата предизвикана од ПА фактор, хиперактивноста на дишните патишта, заедно со пролиферацијата на Т-лимфоцитите и производството на цитокини.

  • Кои се флавоноидите на Гинко билоба?

Флавоноидите од гинко билоба покажуваат антиисхемични и антиоксидативни ефекти, кои се случува со неутрализирање на слободните радикали на кислород и спречување на пероксидација на липидите.

Липидната пероксидација е еден од процесите што резултираат во оштетување на ткивата и крвните садови, губење на неврони што може да доведе до деменција. Состојките на растението гинко, а со тоа и нејзиниот екстракт, ја намалуваат инфилтрацијата на неутрофилите, го зголемуваат протокот на крв и со тоа влијаат на спречување на прогресијата на исхемичната деменција.

Антиоксидантната активност и стабилизирачката активност на клеточната мембрана ја зголемуваат толеранцијата на мозокот кон хипоксија. Покрај споменатите ефекти, се споменува и спазмолитичкиот ефект, кој се случува со директно дејство врз q-адренорецептори и својства на релаксација на мазните мускули, преку антагонизам на активноста на адренергичниот нервен систем и инхибиција на хиперполаризација на клеточните мембрани.

  • Како гинко билоба влијае на здравјето на крвните садови?

Гинко билоба ја подобрува меморијата и другите активности на мозокот. Затоа, се смета дека ја намалува депресијата и болката предизвикана од мигрена.

Тоа влијае на подобрување на циркулацијата, особено на снабдувањето со крв во главата, рацете и нозете.

Бидејќи има ефект врз циркулацијата, употребата на гинко ги намалува несаканите ефекти поврзани со процесот на стареење. Во исто време, гинко ја зголемува работната способност, го забрзува заздравувањето на раните и го олеснува закрепнувањето од воспаление на вените.

Индикации

Препорачлива е да употреба на капсули Гинко Макс при:

  • Намалена концентрација
  • Слаба меморија
  • Вртоглавица и тинитус
  • Нарушена циркулација и болка во нозете
  • Деменција
  • Церебрална инсуфициенција

Состав

Пакување: 30 капсули

Начин на употреба: Се препорачува земање 1 капсула дневно со оброк.

Состав на производот:

Активна состојка1 каспулаПрепорачан дневен внес
Сув екстракт од лист на гинко (Ginko biloba) стандардизиран на 24% флавон и 6% лактон80 мг/

 

Состојки: сув екстракт од лист на гинко (Ginko biloba) стандардизиран на 24% флавон и 6% лактон; малтодекстрин; средства против згрутчување: силициум – диоксид и магнезиум стеарат; капсула: желатин, пречистена вода, боја – титан – диоксид.

Земја на потекло: Република Србија

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “MaxMedica Гинко Макс капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.