Иновативна формула која е прв избор за слабеење и помага за постигнување на целосен метаболички баланс во организмот. Dr.Nature Нофатин Метаболик е наменет за луѓе кои страдаат од метаболички синдром и имаат прекумерна телесна тежина, масни наслаги, покачени нивоа на холестерол, висок крвен притисок, инсулинска резистентност и хормонален дисбаланс. Формулата е базирана на две клинички докажани патентирани состојки Metabolaid® и CSAT® – носители на престижни меѓународни награди во областа на производи за слабеење! Metabolaid® е патентирана, клинички тестирана, растителна состојка базирана на хибискус и лимонска вербена. Биолошки активните компоненти имаат синергиско дејство во контролата на телесната тежина и работата на кардио-васкуларниот систем. Луѓето кои страдаат од обезност и дијабетес неретко развиваат воспаленија, што пак доведува до дополнително зголемување на телесната тежина и други компликации како срцеви заболувања и мозочен удар. Metabolaid® делува во масните ткива, мускулите и црниот дроб преку активирање на ензимот АМРК што доведува до контролирањето на глукозата во крвта, намалена синтеза на липидите и намалување на нетипичната акумулација на масни наслаги и намалување на воспаленијата кое е особено важно при третирање на метаболички и инфламаторни заболувања. CSAT+® e патентиран екстракт од семиња на рогач, стандардизиран до галактоманан, олигофруктоза и полифеноли. Галактомананите се полисахариди со голема молекуларна тежина, кои што поседуваат заситувачки ефект. Олигофруктозата се мали фибри со ниска калориска вредност кои што можат селективно да служат како храна на различни видови цревни бактерии. CSAT+® ја потпомага нормалната работа на имунолошкиот систем и ги подржува нормалните вредности на гликоза во крвта. CSAT+ има синергиско дејство врз метаболизмот. Тоа потпомага за борба со тегобите поврзани со метаболичкиот синдром во неколку насоки и тоа: контрола на апетитот, контрола на глукозата во крвта и крвниот притисок и има благопријатно дејство на цревната микрофлора. Дополнително останатите биолошко активни материи кои влегуваат во составот на производот синергиски делуваат и допринесуваат во борбата со метаболичкиот синдром и контролата на телесната тежина.
Употребата на Dr. Nature Нофатин Метаболик допринесува за:
• Намалување на вишокот килограми и масни наслаги;
• Борба против тивките воспаленија;
• Балансирана работа на метаболизмот;
• За одржување на нормални вредности на холестерол и триглицериди;
• Одржување на нормален крвен притисок;
• Нормални вредности на глукоза во крвта;
• Зачувување на здравјето на срцето и крвните садови;
• Намалување на апетитот и желбата за слатко;
• Нормална работа на цревата и здрава цревна микрофлора;
Dr.Nature Нофатин Метаболик е дел од Целосната програма Нофатин – за оформување на бедрата, колковите, стомакот и половината. Може да се употребува самостојно, во брз или умерен план за постигнување на идеална телесна тежина и фигура во зависност од поставените цели и желби. За максимално да се искористат придобивките и дејството на производот, Ви препорачуваме да го употребувате, како дел од целосната програма Нофатин која можете да ја погледнете на нашата web страна www.greenmaster.mk
Состав на една капсула: Metabolaid® – 250 mg, CSAT® – 150 mg, цинк – 5 mg, ниацин – 5 mg NE, хром – 50 µg, селен – 25 µg, витамин D3 – 2,5 µg.
Начин на употреба: се препорачува 2 пати на ден по една капсула (наутро и навечер 20-30 минути пред јадење).
Овој производ нема коментари.