L-теанинот е аминокиселина, која што претежно ја има во зелениот чај. L-теанинот има исклучително анти-стресно дејство и се употребува за релаксирање на организмот. Има способност да ги намали симптомите на вознемиреност и стрес. Го подобрува фокусот и вниманието и е една од најефикасните природни состојки при зголемено психичко оптоварување. Голем број испитувања докажуваат позитивни ефекти од употребата на L-теанин при хроничен замор, напнатост, вознемиреност, несоница, анксиозност и депресивни состојби, проблеми со помнењето и концентрацијата и др. L-теанинот многу добро се апсорбира и делува многу брзо: 30-40 минути по употребата. Тој поминува низ крвно мозочната бариера, каде што делува заемно со мозочните клетки, кои што се одговорни за процесите поврзани со контрола на стресот. L-теанинот се шири во меѓуклеточните простори на мозочните клетки. Го засилува имунолошкиот систем и делува како антиоксиданс и како чувар на нервните клетки. L-теанинот го стимулира и формирањето на алфа-брановите во мозокот кои предизвикуваат состојба на смиреност и во исто време ја зголемува меморијата.
Dr.Nature го препорачува да се употребува при: стрес, вознемиреност, анксиозност и лесни форми на депресија; при психички и физички замор; нарушен фокус, меморија и концентрација; при деменција и Алцхајмер; при чести проблеми со спиењето; при нервози и главоболки; при тахикардија; при пред менструален синдром.
Состав на една капсула: L-теанин – 200 mg.
Начин на употреба: Се препорачува 1-2 капсули на ден по можност 30 минути пред јадење.
Овој производ нема коментари.