Dr. Nature Флексамол – 60 капсули

(0 оценки и коментари)

2,235 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

За здрави зглобови, мускули и движење без болка!

Dr. Nature Флексамол е производ кој ги комбинира докажано најдобрите природни состојки наменети за поддршка на здравјето на зглобовите. Dr. Nature Флексамол содржи патентиран екстракт од босвелија и висококвалитетен лиофилизиран концентрат од зеленоусна школка. Се повеќе луѓе имаат проблем со зглобовите, а причините за овие проблеми се многубројни. Основните предуслови кои што доведуваат до дискомфорт во зглобовите се што поголемиот дел од денот го поминуваме во седечка положба, недостатокот од движење и оптовареноста на зглобовите. Најчесто промени се случуваат во колената, колковите и рбетот.

Шифра: 30013
Availability: instock
Категорија:
Бренд:Dr.Nature
Сподели:

Придобивките од употреба на капсулите се:
• Ја помагаат регенерацијата на рскавиците на зглобовите;
• Ги намалуваат воспаленијата и отоците;
• Ги намалуваат болката и вкочанетоста при движење;
• Ги одржуваат здрави тетивите и лигаментите;
• Го забрзуваат процесот на заздравување по повреди – фрактури, истегнувања, изместувања.
Зеленоусната школка е уникатен природен вид која што живее во водите на Нов Зеланд и претставува богат извор на глукозаминогликани кои делуваат како лубрикант во просторот помеѓу зглобовите и на тој начин потпомагаат да се намали болката и укоченоста во зглобовите при движење и ја зголемуваат отпорноста на зглобовите при стрес. Во Dr.Nature Флексамол е искористен патентиран висококвалитетен лиофилизиран концентрат за постигнување на максимална ефикасност. 5 Loxin® претставува патентиран екстракт од босвелија (индиски темјан) стандардизиран до 30% ацетил-11-кето-бета-босвелиска киселина (AKBA). Босвелијата е дрво познато уште и како Индиски темјан чии што плодови благопријатно делуваат на зглобовите, особено при остеоартритис, ревматски артритис, бурзитис и тендонитис. Екстрактот од босвелија поседува клинички докажани антивоспалителни својства, бидејќи го блокира енизмот 5-липоксигеназа и ги намалува воспалението и болката во зглобовите. 5 Loxin® се разликува од останатите екстракти од босвелија со исклучителната биорасположливост. Утврдено е дека тој е неколку пати подобар со што допринесува до подобрување на состојбата на зглобовите и намалувањето на болките 7 дена по употребата.
Dr. Nature го препорачува при: остеоартритис и остеоартроза (коксартроза, гонартроза); истрошеност на зглобните рскавици; болки, вкочанетост и оток во зглобовите; шилци во грбот и потешкотии во движењето; дискус хернија и дископатија; состојби при повреди, фрактури и операции; зголемено физичко оптоварување.
Состав на една капсула: лиофилизиран концентрат од зеленоусна школка (3,4% глукозаминогликани) – 400 mg, 5 Loxin® (екстракт од босвелија стандардизирана до 30% ацетил-11-кето-босвелиска киселина) – 100 mg.
Начин на употреба: се препорачува по 1-2 капсули на ден.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Dr. Nature Флексамол – 60 капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.