Bionika УРИФАСТ за третман на уринарни инфекции

988 ден

Availability: На залиха

Двојна заштита во оптимални дози кај акутни и повторливи инфекции на уринарниот тракт.

Урифаст е додаток на исхрана што содржи шеќер Д-Маноза и ЕxocyanТМ Екстракт од брусница (Vaccinium macrocarpon) со стандардизирана содржина од 50% PAC (проантоцијанидини), во препорачана дневна доза, кои имаат позитивно влијание врз уринарниот тракт.

SKU: URIFAS10
Availability: На залиха
Сподели:
Brand:

ЗОШТО СЕ УПОТРЕБУВА УРИФАСТ?

Постојат неколку опции за употреба на диететски производи во исхраната, вклучително и употреба на екстракт од брусница и Д-маноза.

ЕxocyanTM е направен од чист 100% екстракт од брусница со стандардизирана содржина на проантоцијанидини од типот А (PAC) кои покажуваат максимални анти-адхезивни својства.

СОСТАВ

Хранливи материи Дневна доза (1 ќесичка)
Д-Меноза 1.500 g
ЕxocyanTM сув екстракт од Брусница (Vaccinium macrocarpon) (50% PACs) 0.072* g

0.072 g ЕxocyanTM сув екстракт од брусница  е еквивалентен на 36 mg, препорачана дневна доза за проантоцијанидини.

Состојки:

Д-Маноза; засладувач: еритритол; сахарин натриум; арома: природна арома брусница; регулатор на киселост: лимонска киселина; средство против згрутчување: силициум диоксид; магнезиум стеарат

МОЖЕ ЛИ УРИФАСТ ДА СЕ КОМБИНИРА СО ЛЕКОВИ ИЛИ ДРУГИ ДОДАТОЦИ НА ИСХРАНА?

Урифаст може да се зема заедно со повеќето додатоци на исхрана и лекови на рецепт. Сепак, важно е да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт за употребата на сите лекови, витамини и додатоци на исхрана.

ДАЛИ УРИФАСТ ИМА НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ?

Нема очекувани несакани ефекти од Урифаст. Студиите покажаа дека шеќерот

Д-маноза и ЕxocyanТМ Екстрактот од брусница се безбедни и добро толерирани кога се земаат во препорачаната дневна доза. Во ретки случаи, се јавува нетолеранција кон Д-маноза во форма на течна столица и подуеност.

КОЈА Е ПРЕПОРАЧАНАТА ДОЗА ЗА УРИФАСТ?

Препорачаната дневна доза за Урифаст кај возрасни е 1 ќесичка дневно, растворена во 100 ml ладна вода.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА УПОТРЕБА:

Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.

Екстрактот од брусница е генерално безбеден, но децата или бремените жени и доилките не треба да земаат екстракти од брусница, освен ако лекарот не го препорача тоа.

Да не се користи во случај на преосетливост на една од компонентите.

Не се препорачува да се користи заедно со мечкино грозје.

Додатоците на исхрана не може да се користат како замена за разновидна исхрана и здрав животен стил.

Чувајте го производот на места недостапни за деца.

Чувајте го производот на температура до 25° C во оригиналното пакување.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Bionika УРИФАСТ за третман на уринарни инфекции”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *