SYNERGY BIOZYM Q10® 100mg 30 капсули

857 ден

Availability: На залиха

ЕНЕРГИЈА ЗА СЕКОЈА КЛЕТКА

Што претставува Biozym Q10® 100mg?

Коензим Q10 е есенцијален антиоксиданс кој е присутен во секоја клетка во организмот. Тој е неопходен за производство на енергија, а како антиоксиданс ги намалува штетните влијанија на слободните радикали кои се причинители за многу заболувања. Ги заштитува клетките од предвремено стареење и учествува во одржување на нормална функција на кардиоваскуларниот и нервниот систем. Има поволно влијание на имунитетот, а се користи и во профилакса на мигренозни болки.

Помага во одржување на здрави нивоа на CoQ10 кај пациенти подложени на терапија со статини. Се препорачува и при состојби на хроничен замор од непознато потекло и воопшто има позитивно влијание врз квалитетот на животот.

Дејство на Biozym Q10® 100mg

Коензим Q10 се наоѓа во митохондриите, клеточни органели во кои се одвива процесот на создавање на енергија.

Најголема концентрација на коензим Q10 имаат органите кои имаат најголеми енергетски потреби: срцето, црниот дроб и бубрезите.

После 35 година организмот ја губи способноста за синтеза на потребните количини на коензим Q10 за 50% и затоа е потребно негово дополнување преку додатоците на исхрана.
Коензим Q10 го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања преку намалување на липидната пероксидација на LDL.

Истражувањата покажале дека коензимот Q10 го намалува високиот крвен притисок. Освен тоа ова соединенија го штити желудникот и дванаесетпалечното црево.

Други истражувања покажале дека коензимот Q10 позитивно влијае на некои типови алергии, астма и респираторни болести, дегенеративни заболувања на нервниот систем (Алцхајмерова болест, мултиплекс склероза и Паркинсоновата болест).

FDA ја има одобрено употребата на коензим Q10 во третман на митохондријални енцефаломиопатии.
Лековите за намалување на холестеролот можат да го намалат нивото на коензимот Q10 и да предизвикаат мускулни проблеми, па затоа се препорачува дополнително внесување на коензим Q10 кај пациенти кои примаат статинска терапија. Како моќен антиоксидант учествува во зголемување на имунитетот на организмот и покажува добри резултати во забавувањето на процесот на стареење.

Коензимот Q10 често се применува во терапијата на синдромот на хроничен замор од непознато потекло. При интензивен физички напор (спортисти), поради зголемување на количината на слободни радикали, се препорачува дополнително внесување на коензимот Q10 кој помага во повторно воспоставување на клеточните енергетски резерви.

Предности на SYNERGY Biozym Q10® 100mg

  • Само 1 капсула дневно ги задоволува потребите на организмот.
  • Со додавање на биоперин, апсорпцијата на SYNERGY Biozym Q10 100mg се зголемува за 30%

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “SYNERGY BIOZYM Q10® 100mg 30 капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *