Алкакапс коензим Q10 10mg

(0 оценки и коментари)

598 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

Availability: outofstock
Бренд:Alkakaps, Alkaloid
Сподели:

Нема на залиха

Коензимот Q10 (ubidecarenone, ubiquinone) е природен ензимски кофактор, присутен во секоја клетка од човечкиот организам, каде што ја има есенцијалната улога во продукција на енергија, неопходна за функционирање на организмот во целина.

Може да се внесува преку храната (најбогати со коензим Q10 се рибата и месото, како и житарките, сојата, спанаќот и брокулата), а истиот се создава и во организмот. Продукцијата на коензимот Q10 е најизразена во клетките на срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот, а се синтетизира од аминокиселината тирозин, во присуство на витамините Б2, Б6, Б12, фолната киселина, нијацинот, пантотенската киселина и витаминот Ц. Способноста за синтеза на коензимот Q10 во организмот се намалува со годините, затоа и неговата концентрација во крвта опаѓа како што човекот старее.

Коензимот Q10 има повеќе функции во организмот:

● Има незаменлива улога во интраклеточната продукција на енергија, поточно во создавањето на енергетски богатото соединение ATP (Adenosine Triphosphate) во сите клетки, посебно во срцевата и скелетната мускулатура;

● Има улога и на антиоксидант – ги штити клетките од штетното дејство на таканаречените слободни радикали;

● Има улога на имуностимулатор – го активира имунолошкиот систем;

● Го снижува покачениот крвен притисок, употребен самостојно или во комбинација со антихипертензивна терапија.

АЛКАКАПС Коензим Q10 меките желатински капсули содржат 10mg коензим Q10 во една капсула. Препорачаната дневна доза на овој производ е, во зависност од целта, 1-6 капсули во текот на денот, поделени во 3 дози, земени по оброкот. Им се препорачува на сите на коишто им е потребна дополнителна енергија, на постарите лица, на спортистите, на лицата со покачен крвен притисок…

Претставуваат додаток во исхраната, кој може да се зема во аптека без лекарски рецепт.

Пакување:

60 меки желатински капсули

●Состав

Претставуваат меки желатински капсули, додаток во исхраната.

Една капсула содржи 10mg коензим Q10 (ubidecarenone, ubiquinone)

Препорачан дневен внес е 1-6 капсули, т.е. 10-60mg коензим Q10

● Се препорачува

За нормално функционирање на срцевиот мускул и циркулаторниот систем.

Кај професионални спортисти и постари лица, поради      интензивна физичка активност и намалување на нивото на коензимот Q10 во крвта и ткивата со текот на годините.

За надоместување на потребите од коензим Q10, што со исхраната не се задоволени.

● Начин на употреба

По 1-6 капсули на ден, во 3 поделени дози, по оброкот.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Алкакапс коензим Q10 10mg”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

1-3 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.