Hepten® / Хептен®
Една solucaps содржи висококвалитетен стандардизиран екстракт на Sylibum marianum 125mg, што одговара на 100mg силимарин.
Намена при:
- Хронични воспаленија на црниот дроб
- Токсични и метаболички оштетувања на црниот дроб
- Дисфункција на жолчниот меур (дискинезија на жолчните патишта) холелитијаза, хроничен холецистит и др.
- Труење со храна, труење со печурки – amanita phalloida
- Лошо варење, губење на апетит и др
Дејство:
- Детоксикација на црнодробните клетки.
- Ја стимулира регенерацијата на црнодробните клетки.
- Поволно делува на составот на жолчката и има холагогно дејство.
- Покажува благопријатен и протективен ефект на бубрежните клетки.
- Има антиоксидантен ефект.
Дозирање:
- Кај возрасни: по 1-3 solucaps дневно после јадење, со малку вода;
- Кај деца: по 1-2 solucaps дневно, во зависност од возраста и тежината на детето.
Да не се надминува препорачаната дневна доза. Да не се користи како замена за разновидната исхрана.
Чување:
На суво место, недостапно за деца, на температура под 25оС.
Предности:
- 100% природен производ.
- Нема контраиндикации.
- Solucaps формата обезбедува брзо и целосно усвојување на активната состојка.
Овој производ нема коментари.