Bionika Kardiol, 30 ќесички

(0 оценки и коментари)

1,429 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Кардиол е додаток на исхрана на база на коњак глукоманан и црвен ферментиран ориз, кој допринесува за одржување на нормални концентрации на холестеролот во крвта.

Availability: instock
Бренд:Bionika
Сподели:

Превземете Кардиол брошура

ШТО Е ХОЛЕСТЕРОЛ?

Холестеролот е вид на липид кој организмот го создава во црниот дроб и се внесува со исхраната. Тој е природна компонента во крвта, но само во одредени физиолошки концентрации. Зголемените концентрации на холестерол во крвта се опасни за здравјето и претставува еден од ризик факторите за болести на срцето и крвните садови, инфаркт и мозочен удар.

СОСТАВ

Една ќесичка содржи: сув екстракт од корен на Amorphophallus konjac K. Koch, ssp. Amorphophallus japonica, стандардизиран на 96% влакна, 2.00 g и сув екстракт од црвен ориз, кој одговара на доза од 5 mg монаколин К. Други состојки: глукоза монохидрат, регулатори на киселост: натриум хидрогенкарбонат и лимонска киселина, арома, средство против згрутчување: магнезиум оксид, засладувач: стевиа гликозиди. Што е LuraLean®(екстракт од корен на растението Amorphophallus japonica)? LuraLean® е високопречистено природно диететско влакно, глукоманан, со голема моќ на врзување на течности, масти и холестерол. Претставува концентриран извор на диететски влакна. Механизмот на дејство на глукоманан се должи на фактот што во присуство на вода набабрува, формирајќи гел структура. На овој начин LuraLean® ја намалува интестиналната ресорбција на холестеролот и ја стимулира неговата трансформација во жолчните киселини, кои потоа се излачуваат од организмот.

ШТО Е ЦРВЕН ОРИЗ?

Црвениот ориз се добива со процес на ферментација на ориз со помош на квасецот Monascus purpureus. Црвениот ориз традиционално се употребува во Кина и во Азија како храна и растителен лек. Што е монаколин К од екстракт од црвен ориз? Монаколин К е природен инхибитор на хидроксиметилглутарил-СоА редуктази, ензими кои ја контролираат синтезата на холестерол во црниот дроб. Припаѓа на групата соединенија познати под името монаколини. Од 15 вида монаколини, во црвениот ориз доминира монаколин К, познат и под името мевинолин или ловастатин. Оваа супстанција е клучна за дејството на црвениот ориз за намалување на концентрациите на вкупниот холестерол, “лошиот” LDL-холестерол и триглицеридите во крвта.

ДЕЈСТВО

– Монаколин К од црвениот ориз придонесува за одржување на нормални концентрации на LDL-холестерол во крвта. – Коњак глукоманан придонесува за одржување на нормални концентрации на холестерол во крвта. – Коњак глукоманан во контекст на енергетска-рестриктивна диета придонесува за намалување на телесната тежина. Дејството се постигнува со дневно внесување на 10 mg монаколин К од црвен ориз и 4 g коњак глукоманан.

НАМЕНА

Кардиол е наменет за возрасни лица со зголемени концентрации на холестерол.

КАКО СЕ УПОТРЕБУВА КАРДИОЛ?

Пред оброк разматете ја содржината на 1 ќесичка прашок во минимум 200-250 ml вода и испијте ја течноста за време до 2 минути, бидејќи потоа преминува во гел структура. Препорачана дневна доза е 2 ќесички на ден. Не ги употребувајте додатоците на исхрана како замена за храна. За дополнителни информации обратете се кај Вашиот фармацевт или лекар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА И НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА

Не употребувајте Кардиол доколку сте чувствителни на некоја од неговите состојки. Не се препорачува за деца, бремени жени и доилки, како и на лица кои имаат потешкотии со голтање. Oралните лекови треба да се земаат 1 час пред или 4 часа по земањето на глукоманан. Доколку земате било каков лек или имате било каков здравствен проблем, пред употреба консултирајте се со вашиот лекар. Не се препорачува при активни болести на црниот дроб и постојано зголемени концентрации на серумски аминотранферази. Да не се употребува заедно со лекови за намалување на масти. Да не се употребува со сок од грејпфрут. Во случај да не се внесат препорачаните количини на вода постои опасност од гушење. Можна е појава на миопатија која се манифестира како болка во мускулите, осетливост или слабост со зголемена концентрација на креатин кинази.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Bionika Kardiol, 30 ќесички”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.