Дејство на Имуно Комплекс Макс кесичката
Имуно Комплекс Макс е додаток во исхраната кој содржи витамин Ц, цинк, бакар, селен и бета-глукан (β-глукан). Витамин Ц и микроелементите цинк, бакар и селен се неопходни за човечкото тело, тие мора да се земаат со храна или преку додатоци на исхрана, бидејќи тие не се создаваат во човечкото тело. Бета-глуканот е ферментирано диетално влакно. Соодветно внесување на ферментирани диетални влакна е важно за физиолошката функција на имунолошкиот систем.
Сите наведени состојки на кесичките Имуно Комплекс Макс дејствуваат синергистички во одржувањето на физиолошката антиоксидантна одбрана на организмот и физиолошката функција на имунолошкиот систем.
Чести прашања
Како дејствува Имуно Комплекс Макс ?
Имуно Комплекс Макс кесичките придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем и ги штитат клетките од оксидативен стрес. Витаминот Ц и бакарот придонесуваат за нормален метаболизам на енергијата. Витаминот Ц има улога во создавање колаген за нормална функција на ‘рскавицата, кожата, коските, забите, непцата и крвните садови и придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста. Бакарот придонесува за нормална функција на нервниот систем и нормален транспорт на железо во телото. Селенот придонесува за нормална сперматогенеза. Цинкот придонесува за нормална плодност и репродукција, нормален киселинско-базен метаболизам и нормален метаболизам на јаглехидрати и макронутриенти.
Индикации
Индикации за употреба на Имуно Комплекс Макс 20 кесички – додаток во исхраната:
- хроничен замор
- исхрана заснована на високо обработена храна (исхрана со недостаток на витамин Ц, цинк, бакар, селен и диетални влакна)
- долготрајна изложеност на загадувачи на животната средина
- долготрајна изложеност на загадувачи во работната средина
- акутни инфекции на респираторниот тракт
- долготраен престој во простории со неколку лица во текот на сезоната на акутни респираторни инфекции
- акутни инфекции на други телесни локализации
- хронични инфекции
Состав
Пакување: 20 кесички
Начин на употреба: 1 кесичка дневно, наутро на празен стомак половина час пред доручек или навечер пред спиење. Содржината на кесичката се раствора во пола чаша вода и се пие веднаш целата содржина. Производот е наменет за возрасни лица.
Состав на производот:
Активни состојки | 1 кесичка | Нутритивна референтна вредност |
Сув екстракт од ацерола (Malpighia glabra) стандардизиран на 25% витамин Ц · од кој витамин Ц | 1200 мг
300 мг | 375% |
Сув екстракт од остришна печурка (Pleurotus ostreatus) стандардизиран на 35% бета-глукан · од кој бетаглукан | 300 мг
105 мг | / |
Цинк (цинк-глуконат) | 10 мг | 100% |
Бакар( бакар (II) глуконат) | 1 мг | 100% |
Селен ( Л- селенометионин) | 55 мг | 100% |
Земја на потекло: Република Србија
Овој производ нема коментари.