Health Aid Vitamin E 50ml масло

1,089 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Vitamin E – Oil е моќен антиоксиднас, тој ги штити клетките од оштетувањата што ги предизвикуваат слободните радикали. Vitamin E – Oil може да се употребува за да се спречи прекумерната продукција на меланин и појавата на темни кругови под очите, го забавува процесот на стареење на клетките, ја заштитува кожата од штетните УВ зраци. Vitamin E – Oil ја подобрува влажноста на кожата. Секојдневното користење на маслото на чиста кожа ја прави кожата мека и нежна, покрај тоа делува на лојните жлезди во кожата и ја регулира нивната функција.

Vitamin E – Oil е моќен антиоксиданс, тој ги штити клетките од оштетувањата што ги предизвикуваат слободните радикали. Тој е липосолубилен витамин, што значи дека телото прави депо и го користи кога треба. Има 8 различни форми на витамин Е, alfa-tocopherol е најактивната кај луѓето. Vitamin E – Oil има повеќе улоги, најпрво може да се користи за да се спречи прекумерната продукција на меланин и појавата на темни кругови под очите, го забавува процесот на стареење на клетките, ја заштитува кожата од штетните УВ зраци. Vitamin E – Oil ја подобрува влажноста на кожата, секојдневното користење на маслото на чиста кожа ја прави кожата мека и нежна, покрај тоа делува на лојните жлезди во кожата и ја регулира нивната функција. Овие жлезди продуцираат себум кој ја одржува еластичноста и влажноста на кожата, затоа и има индикација да се користи кај многу сува кожа. Vitamin E – Oil наоѓа примена и при третман на лузни, без разлика на начинот на кој е настаната. Vitamin E – Oil наоѓа примена кај сите воспалителни состојби на кожата, ги олеснува симптомите на псоријаза, егзема и уште многу слични состојби. Се користи со одлични ефекти и кај стрии. Стриите се еден вид на лузна кои настануваат како резултат на раскинување на дермисот, вториот слој од кожата под епидермисот, витаминот Е пенетрира во дермисот и почнува низа рекации кои резултираат со заздравување на лузната и губење после неколку недели.

Состав: Pure Vitamin E Oil 50,000IU (dl­alpha tocopheryl ace­tate) per 50ml. Two average drops are approximately equal to 200mg of Vitamin E.

Моќен антиоксидант за неутрализирање на слободните радикали;
Да го забави процесот на стареење на кожата;
Да го подобри тургорот, еластичноста и влажноста на кожата;
Помош при третман на воспалителни кожни заболувања;
Третман на лузни;
Заштита од УВ штетните зраци од сонцето.
Витамин Е маслото од HealthAid има можност за надворешна и внатрешна употреба.

Надворешно се земаат 1 до 4 капки и нежно се нанесуваат на посакуваното место на кожата со масажа, на место каде што има стрии, лузни, брчки и сува кожа додека целносно не се впие. Може да се помеша со бадемово или маслиново масло во еднакви делови или да се користи со друга неутрална крема. Надворешната употреба е безбедна и за трудници и за деца.

Може и да се пие, возрасни и деца над 14 години 1 до 4 капки дневно. Две капки се еквивалент на 200мг од витамин Е. Деца под 14 години и трудници пред употреба да се консултираат со квалификувано лице.

Витамин Е маслото за раце и тело е без: парабени, сулфати, пропилен гликоли, вештачки бои и мириси.

Лица кои сакаат здрава и негувана кожа
Лица кои сакаат да го забават стареењето и да го задржат младешкиот изглед на кожата
Лица со лузни
Лица со стрии
Лица кои сакаат да се заштитат од штетните ефекти од изгорениците од сонце.