Форвита Ресвератрол + Витамин Е капсули

(0 оценки и коментари)

1,309 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

Resveratrol + Vitamin E

Капсули 250 mg+50 mg

Се издава без рецепт

Availability: outofstock
Бренд:Replek
Сподели:

Нема на залиха

ШТО ПРЕТСТАВУВА ФОРВИТА® Ресвератрол+Витамин Е И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

ФОРВИТА® Ресвератрол+Витамин Е капсули е комбинација од две компоненти, и тоа ресвератрол кој е природен полифенол и витамин Е кој е есенцијален витамин.

Ресвератрол и витамин Е имаат антиоксидативно дејство, го одржуваат нормалниот имунитет на организмот, позитивно влијаат на нормалната функција и го штитат срцето и крвните садови, ја одржуваат нормалната функција и го штитат нервниот систем, и допринесуваат за намалување (ублажување) на симптомите при некои невролошки заболувања.

Транс-Ресвератрол (понатаму ресвератрол) е изомерна форма на ресвератрол и како природен полифенол е присутен во повеќе од 70 растителни видови, особено во грозје, боровинки, капини, малини, дудинки, кикирики и др.

Ресвератрол со своите антиоксидативни својства го одржува здравјето на клетките, ја одржува виталноста и го забавува стареењето на организмот.

Ресвератрол позитивно влијае на нормалниот имунитет и може да го подобри имуниот одговор кај некои имуно-посредувани болести (воспалителни заболувања и автоимуни заболувања).

Исто така, ресвератрол може да делува заштитно на срцето и крвните садови, да допринесе за намалување на таложењето на тромбоцитите и формирањето на коагулуми, го намалува нивото на масти во крвта и нивното таложење во крвните садови и може да го намали крвниот притисок. Со тоа може да помогне да се намали можноста за појава на заболувања и несакани промени на срцето и крвните садови.

Ресвератрол може да има заштитно дејство на нервниот систем и да има позитивни ефекти при некои невролошки заболувања поради своите антиоксидативни и противвоспалителни својства, како и поради модулаторното влијание при некои невродегенеративните заболувања. Може да помогне за намалување (ублажување) на симптомите при некои невродегенеративни заболувања (пр. деменција, когнитивна дисфункција, Алцајхмерова болест).

Ресвератрол може позитивно да делува на покаченото ниво на шеќер во крвта при дијабетес, како и на последиците од покаченото ниво на шеќер во крвта.

Витамин Е е липосолубилен витамин и припаѓа на групата витамини растворливи во масти. Витаминот Е е есенцијален витамин и треба да се внесува со храна или со употреба на производи кои го содржат овој витамин. Може да се најде во јаткасти плодови, семки, растителни масла, зелени листести растенија како спанаќ и брокули, збогатени житарици, јајца и други. Повеќето луѓе внесуваат доволно витамин Е преку разновидна и избалансирана исхрана, но треба да се обрне внимание на соодветен внес на витамин Е кај лица со одредени заболувања и лица со одреден животен стил чија исхрана содржи мала количина на масти, бидејќи за апсорпција на витаминот Е од системот за варење се потребни масти.

Витаминот Е ги штити ДНК, протеините и липидите од оксидативно оштетување. Витаминот Е има антиоксидативно дејство со кое го одржува здравјето на клетките преку неутрализирање на слободните радикали формирани во тек на нормалните метаболни процеси, и при изложување на штетните влијанија од околината (загадување, ултравиолетовии сончеви зраци, пушење). Оксидативните процеси во организмот може да бидат поврзани со одредени состојби и нарушувања на здравствената состојба. Витаминот Е како антиоксиданс ја манифестира својата позитивна улога за здравствената состојба на организмот.

Витамин Е може да помогне во намалување на ризикот од појава на атеросклероза (таложење на мастите во ѕидовите на крвните садови) и последователно, појава на заболувања на срцето и крвните садови.

Витамин Е може позитивно да влијае на функционирањето на имуниот систем и на невролошките функции.

За што се употребува граничниот производ ФОРВИТА® Ресвератрол+Витамин Е

ФОРВИТА® Ресвератрол+Витамин Е придонесува за заштита на клетките од оксидативно оштетување и може да помогне во:

Одржување на нормалниот имунитет,
Подобрување на имуниот одговор при воспалителни процеси и заболувања (противоспалително дејство),
Одржување на нормалната функција и заштита на срцето и крвните садови,
Намалување на таложењето на тромбоцити и формирањето на коагулуми,
Намалување на нивото на масти во крвта и нивното таложење во крвните садови,
Намалување на крвниот притисок,
Одржување на нормалната функција и заштита на нервниот систем,
Намалување (ублажување) на симптомите при некои невродегенеративни заболувања (пр. деменција, когнитивна дисфункција, Алцајхмерова болест);
Намалување на покаченото ниво на шеќер во крвта (дијабетес).
ФОРВИТА® Ресвератрол+Витамин Е не претставува замена за стандардната пропишана терапија.

ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА

ФОРВИТА® Ресвератрол+Витамин Е капсулите се наменети само за перорална употреба.

Начин на употреба:

Возрасни и деца над 14 години: една капсула ФОРВИТА® Ресвератрол+Витамин Е дневно.

Храната не влијае на употребата на ФОРВИТА® Ресвератрол+Витамин Е .

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

По препорака на лекар дозата може да се зголеми.

ФОРВИТА® Ресвератрол+Витамин Е не содржи глутен и лактоза.

Може да го употребуваат лица на вегетаријанска и/или веганска исхрана.

ФОРВИТА® Ресвератрол+Витамин Е може да го употребуваат лица со дијабетес.

ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА

ФОРВИТА® Ресвератрол+Витамин Е не треба да се употребува при пречувствителност на ресвератрол или витамин Е или било која состојка на ФОРВИТА® Ресвератрол+Витамин Е.

Пред употреба на ФОРВИТА® Ресвератрол+Витамин Е потребна е консултација со лекар или фармацевт.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 60 капсули во пластичен контејнер со пластично капаче безбедно за деца и внатрешно упатство.

СОСТАВ

Една капсула содржи 250 mg транс-Ресвератрол и 50 mg Витамин Е.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Форвита Ресвератрол + Витамин Е капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.