Carnomed Sulforafan extra x60 капсули

2,950 ден

Availability: Нема на залиха

Додаток во исхраната на база на активни состојки од семето на брокулата – содржи глукорафанин кој во организмот се преведува во сулфорафан.

Availability: Нема на залиха
Сподели:

Нема на залиха

Сулфорафан Екстра содржи 200мг активен Брокорафанин (Broccoraphanina) -иновативен рафинат од семето на брокулата (lat. Brassica oleracea italica), кој е стандардизиран на 9-11% глукорафанин и мирозиназа. Рафинатот се добива со суперкритична СО2 екстракција, со што се избегнува користење на било какви растворувачи и се добива прозивод со висока содржина на активни супстанци од природно потекло. Глукорафанин е фитохемикалија од која се настанува сулфорафан со помош на ензимот мирозиназа, чиј процес се случува во тенкото црево. Рафинатот е капсулиран во гастрорезистентна капсула, која ја штити активната супстанца од разградување во желудникот и овозможува нејзино ослободување и апсорпција.

-Кај мажи кај кои е извршена простатотектомија при карцином на простатата (KP) со забележан раст на простата специфичен антиген (PSA), сулфорафанот довел до значително намалување на растот на PSA. Константен пораст на PSA е поврзан со лоша прогноза на KP.
-Кај жените со ER+ HER- карцином на дојка, препарат на база на сулфорафан довел до зголемување на антитуморски активности на ендокрината терапија и продолжена стабилизација на болеста. Бројни претклинички студии го докажале неговиот антиканцероген ефект на клетките на карцином на дојката, така што доведува до програмирана клеточна смрт (апоптоза) на туморските клетки.
-Кај деца со аутизам доведува до подобрување во однесувањето, вербалната комуникација и социјалната интеракција.
-Во претклиничка студија, деловите на брокулата богати со сулфорафан довеле до намалување на колонизација на Helicobacter pylori и намалување на воспалението кое настанало со оксидативен стрес.
-Кај ретка болест наречена Фридрајхова атакција, Nrf2 сигнализацијата е стишана, со што доаѓа до зголемување на оксидативниот стрес и нервни оштетувања кај овие пациенти. In vitroсулфорафанот доведува до зголемување на овој сигнален пат и невропротекција. Наши пациенти кои го земале Сулфорафан Екстра забележале подобрување во моторните движења како што се стабилен од и подобра координација на движењата, додека кај некои од нив имало и подобрување во вербалната комуникација.
-Нови студии покажуваат дека сулфорафанот доведува до заштита од штетното УВ зрачење, одржување на синтезата на колагенот и намалување на воспалението.
-Кај гојазни пациенти со дијабетес мелитус тип 2, сулфорафан доведува до подобрување на контролата на шеќерот во крвта, Body Mass Index (BMI) и гликозилиран хемоглобин (HbA1C) кои се значајни фактори кај овој тип дијабетес.
-Кај КОВИД–19 пациенти Nrf2 сигнализацијата е стишана, со што антиоксидативниот капацитет на пациентите е ослабен. Сулфорафан, како силен стимулатор на овој сигнален пат, е предложен како потенцијално терапевтско средство во јакнење на одбранбените способности против SARS-CoV-19.

Начин на употреба: 1 капсула дневно за возрасни.

Препорачаната дневна доза не смее да се пречекори. Додатоците во исхраната не се користат како замена за разновидна храна. Препаратот не смеат да го користат лица пречувствителни на било која од состојките во препаратот. Препаратот не треба да го користат деца, трудници, доилки, лица со пореметување во работата на тироидната жлезда. Можни се благи гастроинтестинални тегоби.

Состав на производот: Активен Брокорафанин®, рафинат од семето на брокулата (Brassica oleracea italica) стандардизиран на 10% глукорафанин и активирана мирозиназа.

Количина во 1 капсула: 200mg

*Нутритивната референтна вредност не е дефинирана.

Состојки: Брокорафанин, средство за полнење микрокристална целулоза, средство против згрутчување магнезиум-стеарат, капсула (хидроксипропилметилцелулоза, средство за желирање гелан гума. Боја Е171)

Нето количина: 23,9g

Пакување: 60 капсули

Да се чува на суво и темно место. Да се чува вон дофат на деца.

Најдобро да се употреби до: датумот втиснат на дното на амбалажата.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Carnomed Sulforafan extra x60 капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *