Зошто Ацерола Алкалоид?
- 100% природен витамин Ц
- Без шеќер
- Со вкус на јагода
Пакување: 30 таблети за џвакање
Што е Ацерола Алкалоид?
Ацерола Алкалоид е додаток на 100% природен витамин Ц во секојдневната исхрана кој содржи 40mg витамин Ц во една таблета.
Предности на Ацерола Алкалоид
Таблетите за џвакање со вкус на јагода се пријатен начин на внесување на дополнителен витамин Ц од природно потекло кај децата. Ацеролата е јужноамериканско ситно овошје, познато и како „карипска цреша“, кое има сочен и кисел плод со огромна содржина на витамин Ц – околу 50 пати повеќе од портокалот.
Витаминот Ц е есенцијален витамин којшто е растворлив во вода. Придонесува за одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем во текот на интензивни физички вежби и по нив. Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо во организмот. Игра значајна улога во нормалното создавање колаген, при што се овозможува нормално функционирање на крвните садови, кожата, коските, ’рскавицата, забите и на непцата. Тој придонесува за нормален метаболизам за создавање енергија, нормално функционирање на нервниот систем и за нормално психолошко функционирање. Витаминот Ц придонесува за намалување на заморот и на исцрпеноста, како и заштита на клетките од оксидативен стрес.
За кого е Ацерола Алкалоид?
Наменет е за деца до 14 години при сите состојби во коишто е зголемена потребата од витамин Ц.
Употреба
Препорачана дневна доза е една таблета (40 mg) наменета за џвакање за деца до 14 години.
Нутритивни вредности
Типични вредности | Во 100g | Во 1 таблета (0,73g) |
Енергетска вредност | 139kJ / 319kcal | 9,85kJ / 2,3kcal |
Протеини | 0g | 0g |
Масти | 2,33g | 0,017g |
Јаглехидрати | 74,52g | 0,544g |
Активни состојки: | ||
Витамин Ц | 5,479g | 40mg (50% ПВ*) |
*ПВ – препорачан дневен внес
Состав
Природен витамин Ц (во форма на прашок од ацерола), средство за зголемување волумен (манитол (Е 421)), средства против згрутчување (колоиден силициум диоксид, безводен (Е 551), стеаринска киселина (Е 570)), арома на јагода, боја (екстракт од црн морков (Е 163)).
Acerola Alkaloid Skopje
Овој производ нема коментари.