Ацерола Алкалоид 180mg таблети за џвакање со вкус на портокал

(0 оценки и коментари)

317 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

АЦЕРОЛА АЛКАЛОИД содржи природен витамин Ц добиен од ацерола, цреша од Барбадос.

Ацерола Алкалоид е диететски додаток во секојдневната исхрана. Витаминот Ц е есенцијален витамин којшто е растворлив во вода.

Витаминот Ц придонесува за одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем во текот на интензивни физички вежби и по нив. Витаминот Ц придонесува за нормално создавање колаген, при што се овозможува нормално функционирање на крвните садови, кожата, коските, ’рскавицата, забите и на непцата. Тој придонесува за нормален метаболизам за создавање енергија, придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и за нормално психолошко функционирање. Витаминот Ц придонесува за намалување на заморот и на исцрпеноста.

Витаминот Ц придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо.

Употреба

Таблетите Ацерола Алкалоид се користат при состојби во коишто е зголемена потребата за витамин Ц.

Возрасни и деца над 14-годишна возраст: Препорачана дневна доза е 1 таблета (180 mg).

Пакување

30 таблети

Секој блистер содржи 6 таблети за џвакање.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Ацерола Алкалоид 180mg таблети за џвакање со вкус на портокал”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *