PhD Beta-alanine 90 капсули

1,049 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Бета аланинот најчесто го користат спортистите, бидејќи го подобрува траењето на силата и ги ублажува млечните киселини. Идеален додаток е и за секој што едноставно сака да си ги подобри атлетските перформанси.

Бренд:PhD
Сподели:

Зошто Бета Аланин?

11:1 сооднос на бета аланин и Л-хистидин
Помага во подобрување на издржливоста и силата
Го намалува таложењето на млечната киселина во мускулите
Пакување: 90 меки капсули

Што e Бета Аланин?

Бета аланинот е единствената природна бета-амино киселина и е класифицирана како неесенцијална. Има широка употреба кај спортистите и најчесто се користи во комбинација со Л-хистидин. Kапсулите Бета Аланин на PhD нудат сооднос 11:1 на бета аланин и Л-хистидин. Важно е да се напомене бета аланинот е најчесто познат ефектите на чешање што ги предизвикува по конзумирање, особено на додатоци во исхраната за пред вежбање.

Придобивки од Бета Аланин

Комбинирањето на бета аланин и Л-хистидин помага да се зголеми нивото на карнозин во организмот. Карнозин не само што е антиоксиданс кој помага во намалување на оксидативниот стрес, туку исто така ја ублажува млечната киселина (водородни јони), што всушност значи дека можете подолго да тренирате со повисок интензитет.

За кого е наменет Бета Аланин?

Бета аланинот е екстремно популарен кај спортистите, бидејќи докажано го подобрува траењето на силата и ги ублажува млечните киселини (водородни јони). Бета аланинот е идеален и за секој што едноставно сака да ги подобри атлетските перформанси.

Употреба

Како што споменавме, бета аланинот е застапен во повеќето додартоци во исхраната за пред вежбање што доведува до чувство на чешање. Многу корисници на Бета Аланин го претпочитаат овој метод на конзумирање, но најчесто содржината е прилично мала. Ако можете да ги толерирате напливите на чешање, тогаш можете да внесувате доза помеѓу 3-5g бета аланин дневно. Не е задолжително да се конзумира пред вежбање, можете да го земете во текот на денот и нашиот совет е да започнете со помала доза и постепено да ја зголемувате.

Нутритивни информации

Без глутен
Без соја
Без ГМО
Без палмино масло
Без млечни производи
Халал
Во една порција (3 капсули)                                         Во дневна порција (6 капсули)
Бета Аланин                                      1375.02mg                                                                                 2750.04mg
Л-Хистидин                                         124.98mg                                                                                   249.96mg

 

Состав

Бета аланин, Л-хистидин HCI, средство против згрутчување (магнезиум стеарат), средство за зголемување на волумен (малтодекстрин), желатинска капсула (желатин 98%, титаниум диоксид 2%).

Без состојки кои содржат глутен, но не е тестирано за целосно отсуство на глутен (<20ppm).