Natura Plus Алое Вера Texas Organics Додатоци во Исхраната

(0 оценки и коментари)

1,239 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

Алое вера гелот на американската компанија Texas Organics претставува висококвалитетен додаток во исхраната, добиен со цедење на сокот од целите листови на растението алое вера барбаденсис милер, одгледани под строги стандарди на органско производство, на почва која не е загадена со хемикалии и пестициди. Специфична карактеристика е брзото време од бербата до обработката на листовите,со што се спречува оксидацијата и разградувањето на активните состојки присутни во листовите алое вера.

Алое вера гелот на Texas Organics е достапен во пакување од 946 мл.

Начин на употреба : 2- 4 супени лажици на ден, помешани со вода или овошен сок.
За надворешна употреба: 2-3 пати на ден се мачка на проблематичните делови на кожата.

Availability: outofstock
Бренд:Natura-Plus
Сподели:

Нема на залиха

Постојат повеќе од 300 видови алое вера растенија, но Aloe barbadensis miler е најпознато и признаено за своите лековити својства. Ова сукулентно растение природно расте во сувите и тропски предели во Африка, Азија, Европа и САД.Пред многу векови, луѓето откриле дека гелот и сокот присутни во внатрешноста на алое вера се природен хербален лек кој е корисен за проблеми со кожата и дигестивни нарушувања.Алое вера е познато по своите лековити својства веќе 6000 години. Алое вера е лијан кој има потреба од многу вода( сукулентно растение) и неговите листови содржат големи количини вода и хранливи состојки. Затое е многу важно, алое вера да се одгледува по строги стандарди за органско производство, на почва која не е загадена со хемикалии и пестициди, бидејќи тие директно би се апсорбирале во листовите. Листовите на алое вера имаат 3 слоја : првиот слој( надворешна кора). Внатрешен гел и третиот слој т.н. “ жолт сок”. Сите три слоја се богати со хранливи состојки и затоа е важно производот од Алое вера да е направен од целиот лист.

Texas Organics е една од најдобрите компании во САД во одгледување, производство и дистрибуција на алое вера и е една од ретките компании која гарантира дека алое вера листовите се обработуваат не подолго од 4 часа од бербата, за да се сочуваат сите активни состојки во својот природен врамнотежен сооднос : алое-полисахариди, витамини, минерали и аминокиселини. Студиите ги ратификуваа алое-полисахаридите како биолошки активни материи кои ги обезбедуваат многуте квалитети на алое вера. Централниот дел од алое вера листот има околу 2000 мг/л алое- полисахариди, а највисокиот индустриски стандард е од 1000-1200 мг/л. Целиот лист алое вера содржи околу 4000 мг/л алое-полисахариди, додека највисокиот индустриски стандард е од 2000-2400 мг/л. Освен активните алое-полисахариди, алое вера содржи и :

  • Аминокиселини :аланин, аргинин, аспарагин, глутамин, глицин, хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, фенилаланин, пролин, серин, треонин, тирозин, валин ;
  • Ензими :алиназа, амилаза, брадикиназа, каталази, целулаза, глукозидаза, оксидаза, липаза, протеаза, карбоксипептидаза,дехидрогеназа ;
  • Минерали :калциум, железо, магнезиум, манган, натриум, цинк, бакар, калиум,алуминиум;
  • Витамини :А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Ц, Е, холин, фолна киселина, инозитол, ниацин.

Компанијата Texas Organics е водечки производител на Алое вера уште од 1971 година. Како една од најголемите сертифицирани органски одгледувачи, произведувачи и дистрибутери на алое вера производи, Texas Organics им овозможува на корисниците алое вера гел со најдобар квалитет. Со целосна контрола на целиот производствен процес, алое вера гелот ги исполнува највисоките индустриски стандарди :

  • Направен е од целиот лист алое вера
  • Без додадени шеќери,скроб и вода
  • Висока концентрација на природни хранливи состојки
  • State of art технолошки процес
  • Со сертификат за органско производство

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

2 – 4 супени лажици на ден, помешани со вода или овошен сок.

За хидратација на кожата: 2-3 пати на ден се мачка на проблематичните делови на кожата.

Алое вера гелот на Texas Organics не содржи конзерванси и стабилизатори, затоа по отворањето треба да се чува во фрижидер.

Овој препарат НЕ се препорачува за бремени жени, доилки и деца под 13 годишна возраст.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Natura Plus Алое Вера Texas Organics Додатоци во Исхраната”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.