MaxMedica Активен јаглен 20 капсули

259 ден

Availability: Нема на залиха
  • Ги ублажува стомачните проблеми
  • Делува многу брзо
  • Ги решава проблемите со надуеност и мамурлак

20 капсули / 2-3 капсули, 3-4 пати на ден

Availability: Нема на залиха
Сподели:
Brand:

Нема на залиха

За производот

Ефективност на MaxMedica Активниот јаглен?

Помага при надуеност, гасови и аерофагија (несвесно голтање на воздухот за време на оброците).

Детоксикацијата на организмот со активен јаглен е брза помош во моментот кога е потребна, не само за решавање на тековните проблеми, туку и за општо подобрување на симптомите на надуеност, мамурлак, па дури и проблеми со кожата и непцата.

Во дел од овие ситуации се наоѓаме ненајдено па, затоа најдобро би било секогаш да имате со вас за на пат, на одмор или пак кога сте нa излет во природа.

Употреба и примена на активениот јаглен

Активниот јаглен, меѓу другите супстанции, се користи за лекување на одредени нарушувања и болести, вклучувајќи хиперлипидемија, болести на црниот дроб, билијарен тракт и болести на бубрезите. Исто така, орално проголтаниот активен јаглен ги намалува нивоата на холестерол, ја намалува подуеноста и количината на цревни гасови. Активниот јаглен е гастроинтестинален абсорбент и може да има хипохолестеролемична активност.

Чести прашања

Што е активен јаглен?

Активниот јаглен, исто така познат како медицински јаглен, е вид на аморфна форма на јаглерод добиен со деструктивна дестилација на материјали како што се дрво од разни растенија и кора од кокос и како таков има многу поголема специфична површина од обичниот јаглен. Тоа е ситен, црн прав од чист јаглерод. Големата површина на активен јаглен дава одличен капацитет за апсорпција на овој материјал.

Токму оваа голема апсорпциска моќ на активен јаглен има влијание врз неговата примена во многу индустрии, а значително за медицински цели. Постојат различни видови на активен јаглен со различни карактеристики.

Која е употребата на активниот јаглен во козметиката?

Активниот јаглен се користи и за козметички цели за подготовка на маски за чистење на лице, како и за белење на заби. Покрај одличниот ефект кој го дава за избелување на забите, активниот јаглен помага и во спречување на кариес, лош здив и заболување на непцата.

Индикации

Се препорачува употреба :

  • Во случај на надуеност и гасови
  • Кај аерофагија (несвесно голтање на воздух во текот на јадење)
  • При проблеми со варењето

Состав

Пакување: 20 капсули

Начин на употреба:

При проблеми со варење: по потреба земете 2-3 капсули,3-4 пати на ден

Надуеност после оброк: земете 1г (4 капсули) 30минути пред и 1г (4 капсули) непосредно после оброкот.

Деца помали од 3 години : 1 капсула дневно во консултација со лекар. Составот на капсулите се раствора во чаша вода и се пие.

Состав на производот:

Активна состојка 1 капсула Препорачан дневен внес
Активен јаглен 250 мг /

 

Состојки: активен јаглен (медицински активен јаглен добиен со карбонизација на лушпа од кокос), капсула: желатин, боја – црн железен оксид и титан – диоксид.

Земја на потекло: Република Србија

 

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “MaxMedica Активен јаглен 20 капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *