KRKA Септолете тотал мед и лимон, 16 пастили

213 ден

Availability: На залиха

Септолете тотал е против-воспалителен, аналгетски и антисептичен лек за локална употреба во уста. Септолете тотал врши дезинфекција на устата и грлото и ги намалува симптомите на воспаление на грлото како што се болка, црвенило, оток, печење и нарушена функција.

  • Брзо ја ублажува болката
  • Го намалува воспалението
  • Дејствува против вируси, бактерии и габички
  • Не содржи шеќер
SKU: SEPTOL18
Availability: На залиха
Сподели:

Состав:

Активни супстанции: бензидамин хидрохлорид и цетилпиридин хлорид. Секоја пастила содржи 3 мг бензидамин хидрохлорид и 1 мг цетилпиридин хлорид.

Употреба

Возрасни:

Препорачана доза е 3 до 4 пастили на ден. Пастилата треба полека да се раствори во устата на секои 3 до 6 часа.

Деца на возраст над 12 години

Препорачана доза е 3 до 4 пастили на ден. Пастилата треба полека да се раствори во устата на секои 3 до 6 часа.

Деца на возраст од 6 до 12 години

Препорачана доза е 3 пастили на ден. Пастилата треба полека да се раствори во устата на секои 3 до 6 часа.

Деца на возраст под 6 години

Септолете тотал не смее да се користи кај деца на возраст под 6 години.

Немојте да го користите овој лек повеќе од 7 дена. Ако симптомите ви се влошат или се уште се присутни по 3 дена или ако се појават други симптоми, како покачена температура, консултирајте се со лекар.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “KRKA Септолете тотал мед и лимон, 16 пастили”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *