NOW L-Carnitine 500 mg / 30 капсули

(0 оценки и коментари)

1,050 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

L-Carnitine е неесенцијална амино киселина која го помага преносот на групите масни киселини во митохондријалните мембрани за производство на енергија во клетките. Тој природно се наоѓа во црвеното месо и другите животински извори на храна. NOW® L-Carnitine е најчиста форма, клинички тестирана и вегетеријанска (не е од животинско потекло).

Најчиста форма, клинички тестирана
Ги транспортира масните киселини
Вегетеријански/Веган производ.

Шифра: Now22
Availability: outofstock
Бренд:NOW
Сподели:

Нема на залиха

Состав:  1 капсула
L-Carnitine (Carnipure®) (од L-Carnitine Tartrate)        500 mg
Препорака за употреба: Како додаток во исхраната земете 1 капсула, 1-3 пати дневно, со или без храна.

Други додатоци: целулоза (капсула), целулоза прав, магнезиум стеарат (растителен извор) и силика. Не е произведено со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

L-Carnitine е основен нутриент, есенцијален за производство на енергија и за метаболизам на мастите. Во организмот се синтетизира во црниот дроб и бубрезите и од таму се транспортира во други ткива, но недоволни количини може да се продуцираат кај бебињата, адолесцентите и возрасните под одредени физиолошки состојби.

Во организамот возрасен човек складира околу 20 гр на L-Carnitine, првенствено во скелетниот мускул, црниот дроб и срцето. Биосинтезата бара 2 есенцијални амино киселини, лизин и метионин, како и витамин Ц, железо, витамин Б6, ниацин и вклучува серија реакции. Тоа значи дека неухранетоста има високо негативно влијание на биосинтезата на L-Carnitine, која дава приближно 20 мг на L-Carnitine дневно (што претставува приближно 10% од дневните барања) ако сите ко-фактори се веќе достапни во организмот. L-Carnitine се излачува во урината, најмногу во форма на L-Carnitine естри. Поради тоа, губитокот на L-Carnitine треба да се надомести со биосинтеза, со конзумирање на храна од животинско потекло или со конзумирање на додатоци во исхраната.Во состојби кога нема доволно L-Carnitine доаѓа до смалување на производството на енергија во клетките, особено на оние кои користат масти. Доаѓа до слабост на мускулите и општо чувство на слабост.

Извори

Природниот карнитин главно се наоѓа во црвеното месо, додека овошјето и зеленчукот содржат многу малку, што значи дека вегетеријанците треба да го надополнат за да осигураат здрави нивоа во нивниот организам.

Метаболичка улога – ги претвора мастите во енергија

L-Carnitine е есенцијален за претварањето на мастите во енергија, кои се еден од основните извори на енергија за организмот. Тој е клучен во помошта на секоја клетка да произведе енергија. L-Carnitine е основен за транспортот на масните киселини во клеточните реактори за производство на енергија – митохондрии, како и одведување на штетните остатоци на оксидацискиот процес надвор од клетките, спречувајќи акумулација на нус производите и продолжување на производството на енергија. Овој процес обезбедува мускулна енергија со согорување на мастите и спречува создавање на маснотии околу виталните органи.

Врвен квалитет

L-Carnipure tartrate е најдобра форма на L-Carnitine, има пријатен цитричен вкус и не е хигоскопски.
Природна вегетеријанска форма
L-Carnipure tartrate е 100% чист и никакви хемиски заштитини слоеви
Поради уникатниот патентиран метод за синтеза на чист L-Carnitine, Lonza е единствен производител кој гарантира 100% чист L-Carnitine, комплетно слободен од штетниот D-Carnitine која има значајни споредни ефекти и токсични влијанија на биохемиските процеси и доведува до трошење на резервите на L-Carnitine на организмот.

 

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “NOW L-Carnitine 500 mg / 30 капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.