Mentesan, 30 таблети

(0 оценки и коментари)

500 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

За подобрување на циркулацијата на крвта, како и подобра функција  на мозокот, ушите, очите и екстремитетите

Додаток во исхраната од Гинко Билоба, Цинк и Л-карнитин

Начин на употреба: Се препорачува да се консумира по една таблета дневно

 

За подобрување на циркулацијата на крвта, како и подобра функција  на мозокот, ушите, очите и екстремитетите

Индикации: Ментесан е додаток во исхраната кој содржи:

Цинк, кој придонесува за нормални когнитивни функции како и за заштита на клетките од оксидативен стрес;

Екстрактот од  Гинко игра антиоксидантна улога и ја поттикнува  меморијата и когнитивните функции.

  • Ментесан помага при проблеми со ушите како зуење во ушите и вртоглавица
  • Придонесува за спречување на очни нарушувања како што се глауком, дијабетична ретинопатија
  • Ја подобрува циркулацијата на периферната крв помагајќи при болки во нозете при одење и чувство на студ на стапалата.

 

Гинко Билоба – Гинко е растение, од чии листови генерално се вадат екстракти кои потоа се користат во  лековити цели. Научниците откриле повеќе од 40 компоненти во Гинко, но се верува дека само две од нив се ефикасни:  флавоноиди и терпеноиди.  Флавоноидите се антиоксиданти од растително потекло кои ги штитат нервите, срцевиот мускул, крвните садови и мрежницата од оштетување на слободните радикали. Терпеноидите ја подобруваат циркулацијата на крвта со разредување на крвните садови и намалување на тромбоцитната агрегација. Гинко често се користи за подобрување на меморијата, вклучително и Алцхајмерова болест и други форми на деменција. Исто така, се користи за состојби кои произлегуваат од намалена циркулација на крвта во мозокот, особено кај постарите лица. Овие состојби вклучуваат губење на меморијата , главоболка, болка во ушите, вртоглавица, тешкотии со концентрацијата, промени во расположението и нарушување на слухот. Во некои случаи, луѓето го користат за други проблеми поврзани со општата циркулација на крвта, вклучувајќи болка во нозете при одење (Клаудикација) и Рејнолдов синдром, што значи болна реакција на студ, особено прстите на рацете и нозете. Гинко исто така се користи при нарушувања на мислата поради Лајмска болест и депресија и се покажа дека придонесува при проблеми со очите, вклучувајќи глауком, дијабетична болест на очите и AMD (макуларна дегенерација поврзана со возраста)

Цинк – се наоѓа во сите клетки на телото. Неопходeн е зa заштитата на имунолошкиот систем (имунитетот) на организмот да функционира правилно. Тој игра важна улога во клеточната делба, растот на клетките, заздравувањето на раните и разградувањето на јаглехидратите.

Л-Карнитин –  е супстанца која му помага на телото да ги претвори мастите во енергија. Телото го изведува овој процес во црниот дроб и бубрезите и го складира во скелетните мускули, срцето, мозокот и спермата. Л-Карнитинот игра клучна улога во енергетскиот метаболизам. Тој ги транспортира масните киселини во митохондриите, така што масните киселини се подготвени да произведуваат енергија. Така, Л-карнитинот ги претвора мастите во енергија. Поради оваа причина, Л-Карнитинот влијае на детоксикација на  црниот дроб и при излачувањето на егзогени материи.

Карнитинот е предложен како третман за многу здравствени состојби бидејќи делува како антиоксиданс. Постојат неколку состојби на кои Карнитинот може да помогне како што се: ангина и срцев удар, периферна васкуларна болест, дијабетична невропатија, машка неплодност итн.

Доброто снабдување со микронутриенти како Гинко Билоба, Цинк и Л-Карнитин е важно за да се обезбедат добри физички и ментални перформанси.

Одржувањето на нервните клетки добро снабдени со есенцијални хранливи материи може да помогне во подобрувањето на концентрацијата и меморијата. Ако се зголеми протокот на крв во мозокот, тогаш енергијата, кислородот и хранливите материи може побрзо да се доставуваат до местата со висок метаболизам и на тој начин ги подобрува оптималните перформанси на мозокот, свесноста и меморијата.

 

 

Внимание: Гинко може да ја забави коагулацијата на крвта, а со тоа и консумацијата на додатокот Ментесан заедно со лекови за разредување на крвта како што се антикоагуланси и аспирин може да го зголемат ризикот од крварење.

Не се препорачува употреба на овој производ за време на бременост и доење

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Mentesan, 30 таблети”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

1-3 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.