Зошто Boost Oxygen?
Воздухот кој го дишеме содржи 21% кислород, а поголемиот дел, 78%, е азот. Boost содржи петпати повеќе од кислородот што вообичаено го вдишуваме и овозможува лесен и директен пристап до дополнителен кислород.
Што е Boost Oxygen?
Boost Oxygen е додаток на 95% чист кислород за природна респираторна поддршка што е практичен за носење.
Придобивки од Boost Oxygen
Boost Oxygen е потполно природен и безбеден за употреба. За разлика од стимулансите и енергетските пијалаци, кои содржат кофеин и шеќери што можат да му наштетат на телото доколку се користат на подолг рок, Boost Oxygen на организмот му дава чист кислород во практичен формат и се добива без рецепт.
За кого е наменет Boost Oxygen?
Доколку скијате, планинарите, трчате, пешачите, вежбате, вежбате јога, играте некој спорт, потребна ви е зголемена енергија или, пак, малку сте претерале со славењето, Boost Oxygen е тука за да ви помогне.
Го користат спортисти за опоравување на организмот, повозрасни луѓе за активен животен стил, луѓе на високи надморски височини за аклиматизирање на височините и оние кои дишат воздух со лош квалитет.
Идеален е за користење при:
– Загадување на воздухот
Борете се со негативните ефекети на загадување на воздухот со Boost Oxygen бидејќи на тој начин можете да контролирате што вдишувате.
– Ментална бистрина
Студиите покажуваат дека дишењето чист кислород во времетрање од само неколку минути ги подобрува менталните перформанси и бистрината на умот. Доколку имате испит, состанок или важен настан, дишењето Boost Oxygen ќе ви помогне да го остварите вашиот целосен потенцијал.
– Фитнес и спорт
Дишење Boost Oxygen ги подобрува и физичките перформанси и издржливоста и го забрзува процесот на опоравување намалувајќи го наталожувањето на млечна киселина.
– Замор при патување
Изложеноста на воздух со намален квалитет ги намалува нивоата на кислород во организмот и влијае на целокупната благосостојба. Употребата на Boost Oxygen по долго движење низ градот или патување ќе ги олесни ефектите на замор од патувањето.
– Здравје и благосостојба
Додавањето на Boost Oxygen ви додава енергија, ви помага да го намалите стресот и го поддржува имунолошкиот систем.
Употреба
Ставете ја маската под носот, врз устата и притиснете ја рачката надолу за да го активирате протокот на кислород. Дишете преку уста. Употребувајте онолку пати колку што ви е потребно во текот на денот.
Пакувањето од 9 литри компримиран кислород обезбедува околу 200 вдишувања од 1 секунда.
Состав
Кислород, мин. 95%
Овој производ нема коментари.