Bionika Калмфлекс крем против болка

(0 оценки и коментари)

450 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Крема за надворешна употреба

Бренд:Bionika
Сподели:

АКТИВНИ СУПСТАНЦИИ

1 g крем содржи 100 mg метил салицилат, 54 mg левоментол и 13 mg еугенол

(етерично масло од каранфилче)

ДЕЈСТВО

Активните супстанции во Калмфлекс 10%/5,4%/1,3% кремот ја подобруваат циркулацијата во кожата, доведуваат до загревање на третираната површина и ја намалуваат болката на местото на примена.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

За намалување на болки предизвикани од воспаление на зглобовите и мускулите или истегнување на мускулите, невралгија, реума, артритис, како и луксација на зглобовите.

Исто така се употребува за намалување на болки при полесни спортски повреди, кога не постојат повреди на кожата.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Калмфлекс 10%/5,4%/1,3% кремот се нанесува во тенок слој со благо втривање на заболените места. Постапката може да се повтори по неколку часа (вообичаено 3 до 4 пати на ден).

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Контраиндицирана е употреба кај пациенти алергични на метил салицилат и други салицилати, ментол и еугенол (етерично масло од каранфилче), цетил алкохол или било кој друг ексципиенс.

 Ако на кожата има отворена рана, ако е оштетена или надразнета.

Да не се користи кај лица помлади од 12 години.

Ако сте на терапија со орални антикоагуланси (варфарин, аценокумарол, дикумарол) зошто постои ризик од крварење.

Ако сте на терапија со антикоагуланси, антитромбоцити, нискомолекуларен хепарин и тромболитички агенси, може да се зголемат шансите за појава на модринки и крварење.

ПАКУВАЊЕ

Al туба х 100 g

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Bionika Калмфлекс крем против болка”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *